YouTube Red е претплатнички сервис кој донесува содржини без огласи, а сега на него сакаат да има и нови телевизиски и филмски наслови како би конкурирале на Netflix
YouTube сака да ги осигура правата на филмовите и ТВ сериите кои би можело да се прикажуваат на претплатничкиот сервис YouTube Red, објави Wall Street Journal.
Со овај потег очигледно сака да собере доволен каталог на содржини со кои би можел да им конкурира на Netflix, Pickbox, Amazon или Hulu, а во текот на изминтите месеци водечките луѓе на YouTube се состанаа со продукциските куќи и филмските студија, со цел да ги договорат правата. Сеуште не е познато за кои наслови се работи, но WSJ дознава дека YouTube тргнал во друг правец од своите конкуренти. Додека Netflix и сличните сервиси додаваат и стари наслови како би ја зголемиле колекцијата, YouTube се фокусира на нови содржини кои ќе можат да бидат ексклузивно прикажани на YouTube Red, затоа што сакаат да имаат поголема количина на оригинална содржина во 2016 и годините потоа.
За разлика од останатите сервиси YouTube на својот ‘Red’ во старт понуди сопствена оригинална содржина, додека конкурентите со сопствено производство започнаа дури кога собраа доволно голема база на корисници.