Home » Во фокусот » YouTube Vs. Netflix: Фокус на нови серии и филмови во понудата

YouTube Vs. Netflix: Фокус на нови серии и филмови во понудата

YouTube Red е претплатнички сервис кој донесува содржини без огласи, а сега на него сакаат да има и нови телевизиски и филмски наслови како би конкурирале на  Netflix

YouTube сака да ги осигура правата на филмовите и ТВ сериите кои би можело да се прикажуваат на претплатничкиот сервис YouTube Red, објави Wall Street Journal.

youtube red

Со овај потег очигледно сака да собере доволен каталог на содржини со кои би можел да им конкурира на  Netflix, Pickbox, Amazon или Hulu, а во текот на изминтите месеци водечките луѓе на YouTube се состанаа со продукциските куќи и филмските студија, со цел да ги договорат правата. Сеуште не е познато за кои наслови се работи, но WSJ дознава дека YouTube тргнал во друг правец од своите конкуренти. Додека Netflix и сличните сервиси додаваат и стари наслови како би ја зголемиле колекцијата, YouTube се фокусира на нови содржини кои ќе можат да бидат ексклузивно прикажани на YouTube Red, затоа што сакаат да имаат поголема количина на оригинална содржина во 2016 и годините потоа.

За разлика од останатите сервиси YouTube на својот ‘Red’ во старт понуди сопствена оригинална содржина, додека конкурентите со сопствено производство започнаа дури кога собраа доволно голема база на корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365