Британската компанија за недвижности Savills лансираше нова, помалку надреална кампања насловена „A Savills Love Story“ („Savills љубовна приказна“).
Во централниот спот на кампањата, наместо човек кој се заљубува во куќа, гледаме превртена ситуација – како куќа се заљубува во човек.
Имено, спотот прикажува жена која чекори покрај железничка пруга во некое помало гратче. Од некаде се слуша довикување, молејќи ја жената да не си оди. Кога таа се врти, ја гледа куќата од своите соништа.
Во следната сцена, куќата (недвижност која се движи :)) се доближува непосредно до жената, со букет во рака и ја запросува. Жената одговара потврдно, на општо задоволство на другите луѓе околу неа.
Покрај спотот кој ќе биде емитуван на телевизија, кампањата исто така ќе вклучува и активности на социјалните мрежи, принт реклами и OOH билборди.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Isobel и продукциското студио Kraken Films.