(РЕГИОН) – Затворено е пријавувањето на проектите за седмото хрватско издание на престижното маркетинг натпреварување Effie, кое ги наградува најзначајните постигнувања во деловните комуникации во сегментите на ефикасноста и стратешкото промислување на маркетинг кампањите, за кое оваа година се борат 35 агенции и 25 огласувачи. Од HURA, организаторот на натпреварувањето, изразија задоволство и со овогодинешниот број од 36 пријавени проекти.
За овогодинешните награди, пријавените проекти ќе се борат за Effie наградите во седум категории. Конкуренцијата е најголема во категоријата “Телекомуникациски услуги” и “Пијалоци” каде се пријавени најголем број на проекти по категорија, вкупно 9, а следат категориите “Финансии и осигурителни услуги” и “Храна”, со по 5 пријавени проекти.
“Задоволни сме со овогодинешниот број на пријавени агенции, огласувачи и со конечниот вкупен број на проекти. Со оглед на бројот на пријавите, овогодинешното натпреварување Effie ќе понуди квалитетна борба и прилика на пријавените да им покаже како со поставена стратегија, деловните комуникации постигнуваат одлични резултати. Судејќи по пријавените проекти, уште една година со ред ќе имаме ефикасна размена на одлични маркетинг идеи и знаење“, изјави Кристијан Грегориќ од Franck, претседател на жирито на натпреварувањето.
Членови на овогодинешното жири се: Кристијан Грегориќ (Franck) – претседател на жирито, Дина Дретвиќ (Imago), Алмир Окановиќ (BBDO), Маро Питаревиќ (Real grupa), Иван Таниќ (Bruketa&Žinić OM), Бјанка Стојанов (McCann), Сања Џекиќ (Mediacom), Анамарија Хорачек (Unex media), Хајди Ќенан (DRAP), Кристина Чреп (Valicon), Анте Шалиновиќ (Ipsos Puls), Весна Влаховиќ Дашиќ (Coca-Cola), Сања Милиновиќ (Hrvatski Telekom), Нина Пентек (Erste banka), Марија Јакелјиќ (Carlsberg), Дарко Иваничевиќ (Zagrebačka pivovara), Маријана Прпиќ (Google), Гордана Перишкиќ (Podravka), Ивана Галиќ (Nova TV), Јерко Матуловиќ (Atlantic grupa).
Добитниците на Effie наградите ќе бидат прогласени на доделувањето на наградите кои ќе се одржат во рамките на Денови на комуникациите, најважната маркетинг манифестација во Хрватска, која се одржува од 14. до 17. април 2016. во хотелот Lone во Ровињ.
Хрватското издание на Effie натпреварувањето го организира HURA спрема светската лиценца на Effie Worldwide организацијата. Effie наградите се доделуваат од 1968 година на светско и европско ниво (Global Effie и Euro Effie) и на националните натпреварувања во преку 40 земји ширум светот, на кои во 2009 година им се придружува и Хрватска. Во повеќе од 40 годишно постоење, Effie наградите станаа меѓународен симбол на маркетиншка ефикасност.
За повеќе информации за програмата, котизацијата и сместувањето на: www.danikomunikacija.com.
.