Категориите кои оваа година остварија најмногу пријавени проекти се Branded Content Campaign, Social Media и Brand Awareness Campaign.
На шестото по ред MIXX натпреварување во рамките на кое се доделува наградата за најдобра дигитална кампања и за дигитални алатки/платформи во подрачјето на деловните комуникации, пријавени се рекордни 79 проекти од страна на 25 агенции, што е за 16 проекти повеќе од изминатата година и одличен показател за успешноста на натпреварувањето и континуираниот развој на индустријата. Натпреварувањето MIXX е изработено по меѓународна лиценца на IAB и доделува награди во вкупно 9 категории. Спрема овогодинешниот број на пријави, категориите кои остварија најмногу пријавени проекти се Branded Content Campaign, Social Media и Brand Awareness Campaign.
„Овогодинешниот број на пријави покажува дека вложувањата и креирањата на дигитални доживувања се во континуиран пораст. Имаме најголем број на пријави од кога постои фестивалот. Тоа е индустрија со најголем раст и полека светските трендови се пресликуваат и на нашиот пазар. На сите им се битни резултатите, а во дигиталното е лесно да се следат, нема простор за манипулации и многу јасно знаете дали сте направиле добра работа. Одговорноста спрема колегите е голема, а овогодинешното жири се состои од низа квалитетни и искусни професионалци со кои ќе ми биде задоволство да соработувам во изборот на најквалитетните проекти. Ме радува можноста да ја прегледам целокупната минатогодишна дигитална продукција и очекувам паметни решенија и креативни изненадувања“, истакна претседателот на жирито на наградите Mixx, извршен директор на агенцијата Studio Revolucija, Владимир Кончар.
Наградите и оваа година се доделуваат за интегрални кампањи и алатки/платформи, додека на првопласираниот проект со најголема просечна оценка од сите категории на интегрални кампањи, му се доделува наградата Best-in-Show. Критериумите за оценување вклучуваат креативност, стратегија, изведба, користење на медиуми и постигнати резултати и сите се подеднакво важни за донесување на конечната оценка и изборот на победникот. Самата награда е потврда за струката дека сите на проектот, вклучувајќи ги и клиентите, направиле одлична работа.
Жири комисијата за MIXX натпреварувањето оваа година се состои од професионалци од сите сегменти на дигиталната индустрија – стратегија, креатива, продукција и медиа закуп. Членови на овогодинешното жири се: Хајди Ќенан (DRAP), Борис Ковачек (Pepermint), Марко Матејчиќ (Bruketa&Žinić OM), Мартина Јелиќ (McCann Zagreb), Ивана Божаниќ (web.burza), Ружица Врдољак Личина (404), Игор Шкунца (Publicisworldwide), Лука Абрус (Five), Жељко Главор (1&0), Дарко Бакариќ (Media Polis), Тања Глигоровиќ (Podravka), а со жирито претседава Владимир Кончар (Studio Revolucija).
Добитниците на MIXX наградата ќе бидат прогласени на доделувањето на наградите кои ќе се одржат во рамките на Денови на комуникациите, најважната маркетинг манифестација во Хрватска, која се одржува од 14 до 17 април во хотелот Lone во Ровињ.
За повеќе информации за програмата, котизацијата и сместувањето на: www.danikomunikacija.com.