Home » Digital » За што всушност Фејсбук ќе ги користи вашите реакции?

За што всушност Фејсбук ќе ги користи вашите реакции?

Поминаа 4 месеци од кога Фејсбук ја воведе опцијата лајк кој се смее, кој е изненаден, тажен, лут и оној којшто претставува срце…

Новите емотикони го олеснаа изразувањето на оваа социјална мрежа – особено на оние кои сакаат со еден клик да покажат бес или тага. Судејќи после се, тие во иднина ќе го олеснат и пребарувањето на оваа социјална мрежа.

facebook-reactions-emojis

Но, што уште ни зборуваат овие Facebook новини?  Нив ни ги објаснува Maks Vulf, инженер на којшто потесна специјалност му е софтверот. За да одговори на тоа прашање, тој ги собра податоците од официјалните фејсбук страници на медиските куќи CNN, BBC, Fox и TMZ. Потоа направи пресек на постовите во кои доминира еден вид на лајкови – на пример оние постови под кои 95% од корисниците изразиле бес, или 85% под кои се наоѓа изненадувачкиот “wow” лајк.

Врз основа на тоа, можеме да заклучиме како луѓето точно реагираат на одреден вид на вести. На пример: Fox вестите имаат тенденција да провоцираат бес повеќе отколку било што друго. Најпозитивни лајкови добиваат успесите на спортските тимови, но и политичките кандидати. Секако, очекувани позитивни реакции имаат вестите кои во себе содржат природа, животни, деца на познатите, како и било какви активности кои во себе содржат некаков вид на хероизам.

Овие податоци се се` освен шокантни, но се важни бидејќи врз основа на нив гладаме начин на кој Фејсбук само од видот на лајковите прави таканаречен “информатички екосистем“.

Како што соопштија од Фејбук изминатата недела, сајтот врз основа на различните видови на лајкови е фокусиран на содржината која е “релевантна“, што е субјективен термин кој се остварува преку кликови, коментари и споделување на постовите. Порано, кога постоеше само обичен лајк, Фејбук беше обвинет дека дава предност на подопадливите вести во однос на озбилните, важните вести.

Фејсбук моментално не ги користи овие податоци кога го формира вашиот news feed, но велат дека во иднина планираат да направат алгоритми врз основа на овие податоци, со помош на кои ќе ги направи полесно достапни инфорамaциите кои би Ви биле интересни. Секако, сето тоа, врз основа на тоа под какви постови оставате каков вид на лајкови.

Имајќи го сето ова во предвид, можеби желбата на Фејсбук да без дислајк функцијата полесно да дојдеме до работите кои не интересираат, не е баш така бесмислена.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365