• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Saturday, April 17, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

За вистинските работи е потребно време

March 12, 2021
in FMCG, Во фокусот, Најнови вести
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Сигурно често ви се случува поради секојдневните обврски или пренатрупаниот распоред да сфатите дека на крајот од денот сте пропуштиле да посветите барем малку време на она што е навистина важно. Драгоцените моменти кои значат, кои ќе останат запаметени, кои нѐ исполнуваат со среќа и прават да се чувствуваме подобро. Тоа се оние моменти кои ни го насочуваат вниманието кон тоа дека е потребно да забавиме и да си дадеме време на себеси, кои ни помагаат да ги средиме мислите и одново да воспоставиме баланс за да продолжиме со денот.

Секогаш дајте си време за себе!

Секогаш мораме да имаме на ум дека времето ни е неопходно и кога сакаме да се оствариме, да се докажеме и да ги исполниме целите кон кои тежиме или кои од нас се очекуваат. Така е уште од мали, кога се навикнуваме на новите улоги и обврски кои нѐ очекуваат. Поаѓањето во градинка и навикнувањето на правилата кои таа ги наметнува, новите лица кои ги пуштаме во нашиот свет, поаѓањето на училиште и обврските кои доаѓаат во пакет… Меѓутоа, и кога ќе пораснеме, не е нималку поразлично. Оние важни животни одлуки бараат од нас добро да размислиме пред да се осмелиме да направиме било што. Уписот на факултет и изборот на професија, заедничкиот живот, планирањето на семејство и сето она што нѐ учи да бидеме упорни, истрајни и сигурни во намерите.

р е к л а м а

Посветете се на драгите луѓе во вашиот живот!

Кога ќе го согледаме сето ова, времето е една од најскапоцените валути со кои располагаме, а квалитетно поминатото време е нешто што апсолутно нема цена. Особено во предизвикувачката денешница, која диктира темпо кое понекогаш е толку тешко да се испрати. Така, често забораваме да си дадеме себеси и на нашите блиски макар малку време за она што е навистина важно. Понекогаш е доволно само на момент да застанеме и барем еден дел од денот да го посветиме на малите ритуали кои ни го прават денот поубав и му даваат смисла на животот. Еден од тие моменти за многумина сигурно е и пиењето кафе кое многу често го врзуваме со драги луѓе и убави чувства. Повик на кафе, а потоа и моментот кога неговиот опоен мирис ќе се прошири низ домот и ќе нѐ потсети на дружење и блискост. Тоа ни помага да се чувствуваме сигурно, да застанеме и да ги преиспитаме одлуките, да дефинираме приоритети или едноставно да се опуштиме, препуштиме на одморање и да се чувствуваме подобро. На прегратка, на бакнеж и на држење за рака. На сите оние убави чувства кои нѐ мотивираат да бидеме уште посигурни во себе и кои ни даваат ветар во грб за да ги оствариме зацртаните цели.

И затоа, ајде да имаме време!

Како што знаеме, за сѐ што е добро е потребно време. Па така и за вистинското домашно Гранд кафе! Тоа домашно, свежо мелено кафе бара време за да го подготвиме и да се опуштиме со него. Шолјата кафе е асоцијација за уживање во животот, енергија, емоција, а пред сѐ на драгите луѓе. Ајде да останеме блиски, да негуваме и градиме односи. Ајде да имаме време за она што е навистина важно!

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.