Home » Во фокусот » Забележителен глобален раст на буџетите за огласување во медиумите

Забележителен глобален раст на буџетите за огласување во медиумите

(СВЕТ) – Ако се верува на најновото истражување на eMarketer, адвертајзерите ширум светот, во 2014 година во медиумите ќе инвестираат вкупно околу 545 милијарди долари. Вкупното трошење е зголемено за 5,7% во споредба со 2013 год.

СП во фудбал и Зимските олимписки игри заедно со забележителниот раст во online и mobile адверајзингот и се поголемото прифаќање на дигиталните уреди во светски рамки се меѓу најважните фактори кои се носечки елементи на овогодинешниот раст на медиа закупот.

Очекувано, САД, повторно се лидери што се однесува до земјите каде најмногу се троши на огласување и само таму пазарот се проценува на дури 180 милијарди (околу 565 долари по глава на жител), што е речиси една-третина од вкупно инвестираните средства во целиот свет.

На долг рок се предвидува дека дигиталните канали ќе бидат токму оние што ќе го водат растот на медиа закупот во светот. eMarketer пресметува дека буџетот за дигиталните реклами ќе се зголеми за 16,7% оваа година, достигнувајќи сума од 140 милијарди американски долари, надминувајќи го за прв пат учеството од 25% во буџетите за сите медиуми.

Во продолжение неколку графикони кои ги одсликуваат резултатите од ова истражување:

Total Media Ad Spending

Огласување по земји

Digital Ad Spending

Огласување по земји

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365