Британскиот дневен весник The Guardian почнува со издавањето на нов викенд-магазин насловен едноставно како „Saturday“ („Сабота“).
По тој повод, медиумскиот бренд лансираше нова кампања под насловот “Forgotten how to Saturday?” („Заборавивте како да сабота?“), во која на хумористичен начин посочува дека луѓето заборавиле како да се однесуваат во викенд.
Идејата е дека токму магазинот е тој кој на Британците ќе им го врати „викендашкото“ однесување, или подобро речено – уживање.
Кампањата се состои од 30-секунден спот кој ќе се емитува на телевизија и во кината, потоа читање на статии во рамките на онлајн подкасти, како и билборди низ неколку градови во државата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Oliver и продукциската куќа Agent At Large, додека пак медискиот закуп е задача на агенцијата PHD.