Кинескиот календар е базиран на движењето на Месечината, па затоа секоја година се паѓа на различен датум. Овој пат, тоа ќе биде нашиот 22 јануари, кога започнува таканаречената „Година на зајакот“. По тој повод, брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola лансираше нова, слатка и емотивна, анимирана реклама насловена “Celebrating Together Is Magic” („Заедничкото славење е магично“).
Во спотот гледаме пар постари зајаци-родители од некое рурално место, кои што се подготвуваат да отидат кај нивните деца во градот за да го прослават празникот во поширокиот круг на семејството.
Додека родителите го подготвуваат својот подарок за збогатување на празничната трпеза, се присетуваат на убавите моменти кога прославувале со нивните мали деца и жалат што нив ги нема во нивниот стар семеен дом. Кога, пак, ќе отидат кај нив во градот и почнат да ја подготвуваат трпезата, тие се помалку засрамени од „старомодниот“ оброк кој го носат како подарок.
Но, сите тие емоции на тага и срам се заменуваат со радост и љубов штом семејството ќе се најде во заедничка прегратка, наздравувајќи со Кока-Кола и уживајќи во магијата на Нова Година.
Времињата се менуваат, вкусовите се менуваат, луѓето се менуваат, па дури и датумот на кинеската Нова Година се менува. Но, останува магијата на заедничкото славење со оние кои најмногу ги сакате.