Уживањето на плажа при зајдисонце е искуство кое мексиканското пиво Corona сака суштествено да биде поврзано со нивниот бренд идентитет. Во таа насока оди и најновата капања и наградна игра на брендот, насловена “Sunset O’Clock” („Време на зајдисонце“).
Се работи за едноставна, но иноватина идеја. На секое шише Corona ширум светот ќе биде испечатено точното време на негово производство. Притоа, колку поблиску тоа време се усогласува со вистинскиот час на зајдисонце за тој ден, толку е поголема потенцијалната награда за потрошувачот.
За учествo во наградната игра, сè што треба потрошувачот да направи е да го фотографира временскиот печат на купеното шише Corona и да го испрати преку директна порака до официјалните профили на брендот на социјалните медиуми.
Од брендот ветуваат возбудливи награди, како што се патувања на идилични тропски локации усогласени со нивниот имиџ.
На ваков начин, кампањата го издигнува едноставниот чин на уживање во пиво за време на зајдисонце во потенцијално наградувачко искуство, користејќи веќе постоечка карактеристика на пивските шишиња за нешто многу попривлечно – сето тоа без никакви дополнителни трошоци.
Кампањата е осмислена во соработка со креативната агенција DAVID Bogotá од Колумбија.