На првиот во низата на вебинари “Direct Talks From Home” учествуваа претставници на системот DIRECT MEDIA United Solutions од пет канцеларии, и тоа од: Белград, Приштина, Скопје, Подгорица и Тирана. Вториот вебинар, на кој претставници од пазарите на Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина ќе ги споделат своите искуства, ќе се одржи во петок, 3 април со почеток во 13 часот. Секоја земја во регионот прибегна кон свој начин на справување со пандемијата, а забраната за движење насекаде влијаеше за промена на потрошувачката на медиуми и комуникацијата на брендовите. Канцелариите на DIRECT MEDIA United Solutions беа меѓу првите компании што ја спроведоа мерката #DIRECTFROMHOME и веќе две седмици се наоѓаат во remote начин на работа, но и покрај тоа, од час во час ги следат случувањата во комуникациската индустрија на пазарите во кои тие работат.
Учесници на вебинарот беа:
Јован Стојановиќ, CEO, DIRECT MEDIA United Solutions
Адела Петровиќ, Managing Director, DIRECT MEDIA United Solutions Албанија
Зоран Здравески, Managing Director, DIRECT MEDIA United Solutions Македонија
Драган Маркешиќ, Managing Director DIRECT MEDIA United Solutions Црна Гора
Кујтим Шабани, Managing Director, Pro Media Косово
Игор Чернишевски, Head of Digital, DIRECT MEDIA United Solutions Србија
Телевизијата и интернетот во пораст
Во изминатите две недели, телевизијата и интернетот беа медиуми чија што конзумација порасна на сите споменати пазари, во просек помеѓу 12% и 20% кога станува збор за телевизијата, и помеѓу 50% и 60% кога станува збор за посета на сајтовите, се согласија учесниците вебинарот.
Беше објавено дека гледањето телевизија во Србија се зголеми за околу 20% во однос на истиот период минатата година, додека просечното време пред телевизорите изнесувало околу седум часа. Во Македонија, каде што телевизијата исто така порасна за околу 12%, се забележува промена на трендот кај помладата популација на возраст меѓу 15 и 44 години, која сега за 30% повеќе гледа национални канали отколку пред пандемијата со корона вирусот. Во Црна Гора, состојбата е слична како на другите пазари, со тоа што во првите денови на пандемијата во еден момент е регистриран пораст на посетата на домашните сајтови за повеќе од 200%. Во однос на телевизиските програми, на овие пазари, најгледани беа информативните програми, а забележан е и раст на образовните програми како резултат на преминот кон учење од далечина, додека најголем пад имаат спортските содржини.
E-трговијата цвета на сите пазари (и покрај бавната испорака)
Според Јован Стојановиќ, природно е што многу бизниси ќе просперираат во овој момент, но и дека сегашната дигитална трансформација во која сме присилно втурнати треба да се гледа како корисна, бидејќи веќе долго време чека своја целосна реализација на овие пазари.
„Курирските служби во Србија работат со полна пареа, само тоа доволно зборува колку сè се префрли онлајн, да не го спомнувам остатокот од светот, каде што во „Амазон“ се вработуваат 100 000 нови работници кои ќе работат на дистрибуција“, рече Стојановиќ.
Игор Чернишевски, Head of Digital, рече дека во Америка прометот на продавниците е намален за 90%, додека истовремено цвета онлајн купувањето.
„Во Србија е-трговијата е зголемена во просек за три или четири пати, но проблемот и понатаму останува испораката. Мислам дека генерално е добро ова што се случува со е-трговијата, затоа што сите нас ќе нè турне во правец на негов поголем развој“, рече Чернишевски.
Во Црна Гора, како што наведува Драган Маркешиќ, директор на канцеларијата на Подгорица, акронимот PODO (purchase online delivery offline) во последните две недели се користи повеќе од кога било. И во Македонија во голема мера се огласува е-трговијата, според директорот на македонската канцеларија, Зоран Здравески, а Адела Петровиќ, директорката на канцеларијата во Тирана, смета дека трговците во Албанија добро се справиле со дистрибуцијата.
„Албанија е млада нација со милион и пол активни корисници на социјалните медиуми. Сите трговци се неактивни на ТВ и доста активни на социјалните мрежи. Тие брзо поставија комуникациска технологија и се фокусираа на онлајн шопинг кој функционира дури и преку апликацијата WhatsApp. Се адаптираа на онлајн дистрибутерите, т.е. куририте за многу кратко време и сè функционира одлично засега, а испораката е во истиот ден за четири или пет часа “, вели Адела.
„Ситуацијата во Косово е иста како и во регионот, луѓето се прилагодија на забраната за движење. Оваа ситуација ги затекна неподготвени и огласувачите и потрошувачите. Аптеките, трговците и банките функционираат нормално, обезбедена им е опрема за заштита од вируси на нивните вработени. Покрај пандемијата, деновиве имавме и политичка криза, па затоа потрошувачката на телевизијата и интернетот значително се зголемија”, Вели Кујтим Шабани од косовската канцеларија.
Комуникацијата на брендовите мора да тече
Според учесниците на вебинарот, на пазарите е забележана изедначена комуникација на брендовите во која нема многу излегување од т.н. шаблон за комуницирање во криза, а тоа е комуникација на емпатија, солидарност, хуманост , која ја следат добри креативни кампањи за едукација на граѓаните и поддршка на медицинскиот персонал.
„Еден од добрите примери е иницијативата „My hero“ во Албанија, која ја креираше ИТ компанија, а која им служи на волонтерите за координација на активностите за помош и поддршка за семејствата на лицата на првата линија на одбрана – лекарите, полициските и воени сили, како и старите лица, вели Адела Петровиќ.
Во однос на огласувањето, како што наведува, се очекува глобалниот тренд да се спушти во регионот. „Глобалните топ десет огласувачи не ги откажаа своите кампањи, туку ги одложија за втората половина од годината, вклучително и спонзорствата на Олимписките игри, кои ги потврдија за следната година, па очекувам ваков тренд и на нашите пазари“, вели Адела Петровиќ.
Според Јован Стојановиќ, јасно е дека постојат услуги што не можат да се рекламираат, но брендовите не би требало да ја изгубат својата база на корисници која тешко ја стекнале. „Комуникацијата на брендовите мора да продолжи, но во изменета форма. 56% од потрошувачите сакаат да слушнат како брендови и` помагаат на заедницата во овој момент. Истовремено, дури 43% од потрошувачите позитивно реагираат на комуникацијата на брендовите што ги знаат и на кои им веруваат. А само 15% од потрошувачите не се заинтересирани за комуникација со брендовите во оваа ситуација. Ова се резултатите од истражувањето спроведено во Америка“, вели Стојановиќ. Според него, агенциите сега се во состојба да им помогнат на брендовите повеќе од кога и да било, како најдобро да комуницираат со нивната целна група и не само тоа: „Улогата на агенциите сега надминува создавање на комуникациски стратегии и оди повеќе во правец на помагање на компаниите да го трансформираат своето работење“, вели Стојановиќ.
„Категориите кои најмногу профитираа, условно, од зголемувањето на онлајн сообраќајот се онлајн коцкање и гејминг, кабелски оператори, медицински услуги и трговци“, вели Чернишевски и додава дека е логична загубата во категориите кои имаат врска со настани и патувања. Се проценува дека околу 15% ќе се намали годишниот промет на глобално ниво токму во овие индустрии “, вели Чернишевски.
Поддршка на медиумите од страна на огласувачите
Во повеќето земји каде што работи DIRECT MEDIA United Solutions, според панелистите, гледаноста на телевизијата се зголемува како и читатаноста на порталите, но дека рекламирањето на овие канали опаѓа.
„Затоа ние, како активни учесници во процесот на огласување во Црна Гора, а со тоа и во економскиот живот на Црна Гора, подготвени сме да испратиме апел до јавноста, брендовите, бизнисмените, а сите во духот на апелите што ги прави Владата на Црна Гора, огласувањето да го третираме како општествено одговорно работење. Тука владата и одделните министерства веќе издвоија еднократни средства за медиумите, но тоа нема да биде доволно, бидејќи повеќето живеат од клиентите на пазарот. Доколку овие клиенти престанат да се однесуваат како порано, медиумите кои имаат голема општествено одговорна улога во оваа ситуација ќе бидат ставени во ситуација да го стават клучот на бравата“, вели Маркешиќ.
Во Македонија, како што наведува Зоран Здравески, ситуацијата е слична. „Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги одвои околу еден милион и седумстотини илјади евра, од кои половина милион доби јавниот сервис, а остатокот приватните телевизии и радио станици. Но, проблемот е со другите медиуми кои немаат поддршка да можат да издржат без приходи најмалку два, три месеци “, вели Здравески.
Според Игор Чернишевски, темата што се потпира на ова е brand safety, односно прашањето кое е момантално актуелно во дигиталниот маркетинг, а тоа е „дали содржината за корона вирусот е сигурна за пласирање на огласи на брендовите“. „Иако автоматски се гледа како non safe опкружување, морам да кажам дека заради големата конзумација и високото ниво на внимание на корисниците, тоа не е целосно non safe опкружување. Може да се направат филтри за крајно негативни вести и на тој начин да се рашат евентуални екстремни случаи“, вели Чернишевски, додавајќи дека медиумите не треба да бидат лишени од можноста за заработка на таа содржина.
Целиот вебинар можете да го погледнете овде: https://www.youtube.com/watch?v=ti8EfvRMgf0
Direct Talks From Home 02
Следниот Zoom Webinar Direct Talks From Home ќе биде одржан во петок, 3 април со почеток во 13 часот. На тема “Комуникација и огласување во Србија и регионот #COVID-19“ , ќе зборуваат колеги од Србија и афилијациите на DIRECT MEDIA United Solutions од Словенија, Хрватска и БиХ:
Јован Стојановиќ, CEO, DIRECT MEDIA United Solutions
Бојан Поповиќ, Managing Director, Ascanius Media Словенија
Дражен Брачиќ, Managing Director, Ascanius Media Хрватска
Тихана Таис, Managing Director, Ascanius Media Босна и Херцеговина
Невена Куртовиќ, Managing Director, Fusion Communications
Бројот на учесници е ограничен, а своето место можете да го резервирате преку следниот линк: https://zoom.us/j/240706752