Популарниот бренд на колачиња OREO се враќа со реклама за најзначајниот настан во американската огласувачка индустрија – фамозното финале на американската фудбалска лига Супер Боул.
На хумористичен и забавен начин, брендот замислува „што би било кога би било“ доколку нивните колачиња се користеле за донесување на судбински одлуки низ историјата, слично како што е фрлањето на паричка. Па така, во спотот гледаме разни фантастични ситуации, од исконот до модерноста, во кои луѓето, па дури и боговите, ги користат колачиња на Oрео за носење на одлуки.
Во рекламата се појавува и познатата американска телевизиска личност Крис Џенер, која одлуката за лансирањето на нејзиното фамозно релити шоу “Keeping Up with the Kardashians” ја донела токму со вртење на колаче Oрео – барем така ни илустрира новата реклама на брендот. :)
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција The Martin Agency.