Home » Digital » Започна битката за славни личности и инфлуенсери на социјалните мрежи

Започна битката за славни личности и инфлуенсери на социјалните мрежи

По успешниот последен квартал во кој ги надмина финансиските очекувања на аналитичарите и додаде речиси 9 милиони активни корисници дневно, Snapchat сега започна борба за познати личности и т.н.инфлуенсери, односно луѓе со голем број на следбеници на кои брендови често им плаќаат за рекламирање услуги.

Откако Instagram ја ископира најпопуларната опција Snapchata Stories, голем број од корисниците одлучија нивните приказни да ги објавуваат само на Instagram, додека Snapchat падна во втор план, а за славните личности и инфлуенсерите голем проблем на оваа социјална мрежа беше што тие немаа пристап до деталните аналитички податоци, така што ни брендовите што ги плаќаа не можеа да знаат колку се успешни нивните кампањи.

Тоа наскоро би требало да се промени, затоа што од Snap најавија дека на најпопуларните корисници и славни личности кои ја користат нивната социјална мрежа, во иднина ќе им даваат пристап до детални анализи во врска со нивните објави. Избраните корисници, на тој начин ќе имаат пристап до информации како што се вкупниот број на прегледи на приказната, колку време корисниците гледале одредена приказна, како и, што е особено важно за брендовите, податоци за локацијата и возраста на гледачите. Досега, корисниците можеа да го видат само вкупниот број на прегледи на актуелната приказна или содржина која исчезнува за 24 часа по објавувањето.

Instagram речиси две години на бизнис корисниците и на дел од корисниците со голем број пријатели им овозможува пристап до таквите податоци, така што со овој потег Snap започнува битка за инфлуенсери и познати личности кои Snapchat го заменија со Instagram. Ќе биде интересно да се види како познатите личности и брендовите навистина ќе реагираат на овај потег и дали сега, кога имаат детални аналитички податоци, ќе им дадат уште една шанса на оваа социјална мрежа.

Уште еден потег со кој Snapchat се обиде да го зголеми своето влијание и бројот на корисници и огласувачи е неодамнешниот редизајн, но голем број од корисниците ги искритикуваа овие промени и сакаат враќање на стариот дизајн. Извршниот директор Еван Шпигел им порача дека сепак нема враќање и дека мора да го прифатат и да се навикнат на новиот дизајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365