По минатогодишниот успешно организиран ликовен конкурс, многу пријавени цртежи и супер награди, Ladna повторно доделува патување во Дизниленд за две дечиња кои ќе ги насликаат најубавите цртежи на годинешната тема „Водата и природата“
Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 28.04.2009 до 27.04.2012 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 17.02.2006 до 27.04.2009 година.
За шесте најубави цртежи, Ladna и оваа година обезбеди супер награди: 2 тридневни патување во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.
Ликовниот конкурс ќе трае до 27.04.2016, а сѐ што треба да направите е да го испратите цртежот на тема „Водата и природата“ заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и број на телефон) на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака „За Ладна ликовен конкурс“.
Минатата година на конкурсот пристигнаа повеќе од 500 детски цртежи кои што беа изложени во Сити Мол.

„Беше прекрасно да се видат сите ликови, дворци, бродови, планини и патеки од цртаните и филмовите на Дизни студиото, да се почувствува магијата на филмската индустрија одблиску, да се лудува на тобоганите, лифтовите и рингишпилите.“– изјави Александар Атанасоски, добитник на патување во Дизниленд на првиот ликовен конкурс во 2015 година во категоријата на деца од 7 до 10 години.

Повеќе информации за конкурсот, но и за многу изненадувања во следниве недели можете да прочитате на Facebook страната на Ladna: www.facebook.com/Ladna.mk