На 13 декември во Музеј на македонската борба ќе се оддржи 7-то издание на конференцијата “Жени претприемачки” во чиј склоп е предвидено да се прогласат и овогодинешните лауреати во изборот “Жена на годината” (www.zenannagodinata.mk)
Номинирањето во изборот “Жена на годината” за 2024 е веќе активно и истото ќе трае до 01.12.2024 по што ќе следува формирање на листа на финалистки за која ќе гласа 10 членo жири коe го сочинуваат претставници на медиуми, бизнис асоцијации и образовни институции.
Онлајн публиката, своите фаворитки може да ги номинира во вкупно 10 категории на следниов ЛИНК.
Жирито, во својот финален избор на победнички, во предвид ќе ги зема следните критериуми при бодување: Забележале значајни професионални резултати; Реализирале општествено значајни проекти; и Препознатливи се како жени со највисоко ниво на деловни и етички стандарди.
Во конференцискиот дел на настанот “Жени претприемачки” предвидени се неколку инспиративни говори и панел дискусија на тема “Како жените да си подадат рака во бизнисот“, но најважно од се’, многу неформално дружење, споделени искуства и одлична конструктивна атмосфера и споделена емоција на заедништво што е заштитен знак на конференцијата која годинава го има своето 7-мо издание.
Како изгледаше минатогодишното издание може да погледенете од видеото подолу: