(РЕГИОН) – Во текот на вчерашниот ден во Хрватска, официјално беа отворени пријавите за четвртото издание на натпреварувањето IdejaXica, кое е наменето за студентите и надоаѓачките генерации на маркетинг стручњаци и иноватори и кое се оддржува во склоп на националниот фестивал за огласување Денови на комуникацијата (Dani komunikacija).
IdejaXica на младите таленти им овозможува можност да го покажат своето знаење и креативност решавајќи реални задачи од праксата, а овогодишна нивна задача – маркетинг стратегија за концептот “Банкарство без машни“ , поставена од Ерсте Банка.
Сите објави на социјалните мрежи со хаштагот #BankarenjeBezKravate ќе бидат агрегирани на сајтот www.bankarenje.hr/bezkravate
За финалистите на натпреварувањето одлучува стручно жири од маркетинг стручњаци, додека пак за победникот одлучува клиентот, односно Ерсте Банка.