Различни размислувања за начините на кои може да се овозможи пристап до интернет на подрачја кои во моментот се слабо или никако не се покриени со сигнал, вродија со плод. Во последно време, се почесто се зборува за сателитски интернет.
„SpaceX” веќе прати стотици од планираните 30.000 мали сателити Старлинк кои на луѓето на Земјата би им овоможиле пристап до мрежа таму каде што ја нема во моментот.
Затоа екипата на „Google X” (кој сега е дел од Alfabet), пред седум години имаше, како што на свoјата страница нагласија, „луда идеја“ за користење интернет балони опремени со антени кои би можеле да служат како мобилни базни станици.
Во тој прект што го нарекоа „Loon” вложија големи ресурси и многу време, но сето тоа се исплати, поради тоа што оваа недела започна првата комерцијална примена на балонски интернет во Кенија.
Балоните со сигнал би требало да покриваат подрачје од околу 50.000 квадратни километри. Просечната брзина на интернетот изнесува 18.9 Mbps (download) и 4,74 Mbps (upload), со латенција (доцнење) од 19 ms.
Како што нагласија на службениот блог, за време на тестирањето околу 35.000 луѓе го користеле нивниот балнски интернет, а не ни знаеле за тоа.
Интернет сервисот базиран на балони покажа дека е повеќе од добар за гласовни и видео повици, социјални мрежи, сурфање на интернет и слично.
Тестирањата започнаа уште пред пандемијата на корона вирус, а ситуацијата со заразата само го забрза развојот и имплементацијата на сервисот. Балоните летаат во стратосферата на висина од 18 до 25 километри, каде ветровите се послаби, а токму струењето на ветрот се користи за движење на балоните, пренесе порталот Зимо.
За правилно да се распределат балоните со цел покривање на најголемо можно подрачје, користат системи на вештачка интелигенција. Балоните можат неколку месеци да бидат во воздух, по што се враќаат на Земјата и се заменуваат со нови.