Home » Медиуми » Започнува нова хит комедија на ТВ 24 “Мамини синови“

Започнува нова хит комедија на ТВ 24 “Мамини синови“

Наскоро на ТВ 24 започнува емитувањето на новата хит комедија „Мамини синови“

 

Фото: Фејсбук

Мотото на оваа серија е – Мажот има само една сигурна љубов – љубовта од својата мајка.Уште од самото мото на оваа серија може да се заклучи дека серијата ќе биде провокативна но само до граница на здрав хумор, без да навреди некого. Добро, можеби само малку мамините синови…

Серијалот од 42 епизодии го следи заедничкиот живот на мајката Роса која е сосема подетинета во староста и нејзиниот син Милентије, кого го викаат Беба, а кој веќе одамна не е дете. Постариот син на Роса – Мишо, дополнително ги комплицира работите. Роса не може без Беба, Беба не може со Роса, а Мишо едноставно нема време за нив.

Животите на главните ликови се испреплетени во безброј заплети и ситуации кои ќе ја насмеат публиката но и ќе поттикнат на размислување за љубовта меѓу децата и родителите, за блискоста меѓу старите и младите како и границата помеѓу љубовта и зависноста.

Брилијантната актерска екипа ја предводи Светлана Цеца Бојковиќ која во улогата на мајката, Роза се враќа на ТВ екраните во полн сјај. Нејзините синови Беба и Мишо ги оживуваат Андрија Милошевиќ и Ненад Јездиќ.

Серијата Мамини синови е адаптација на добро познатиот австралиски ситком Мајка и син (Mother & Son).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365