• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Saturday, April 17, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

Започнува пријавувањето за Epica Awards 2020

July 17, 2020
in Во фокусот, Најнови вести, Настани
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Единствените глобални креативни награди жирирани од страна на новинарите, Epica Awards, го отворија “early bird” пријавувањето за учесници до 31 август, нудејќи попуст од 100 евра.

Како што се соочуваат со несигурни економски времиња во месеците што следуваат, новинарите и адвертајзинг индустријата имаат потреба едни од други, повеќе од кога било претходно. Новинарите имаат придобивка од адвертајзинг приходите, додека пак на брендовите им даваат платформа за нивните платени и заслужени пораки.

Epica Awards им овозможува на новинарите да ја слават креативноста, цврсто верувајќи дека од суштинско значење е натпреварувањето да преживее и да продолжи да напредува, без разлика на кризата. Меѓународното жири на уредници и искусни новинари од ценети публикации како Adweek, Campaign, Creative Review, Horizont, Stratégies и Shots, се согласуваат со ваквата иницијатива. Наградите Epica ги покриваат сферите на адвертајзингот, дизајнот, односите од јавноста и дигиталните технологии.

р е к л а м а

Од 1 јули до 31 август постои “early bird” попуст од 100 евра, додека пак крајниот рок за пријавување е 31 октомври. Меѓутоа, организаторите не ја исклучуваат можноста овој рок да биде продолжен  доколку се оди со формат на жирирање кој ќе биде исклучиво онлајн. Датумот за одржување на наградната церемонија сé уште не е потврден.

На барање на членовите на жири-комисијата, натпреварот воведе и бесплатна за пријавување категорија за креативните кампањи поврзани со пандемијата на Ковид-19. Сите приходи од оваа категорија ќе бидат донирани на Médecins Sans Frontières (Лекари без граници).

„Ние знаеме дека ова ќе биде тешка година. Агенциите страдаат. Но, исто така е важно да се истакне дека се случи вистинска експлозија на креативноста, како што владите и брендовите комуницираат пораки во однос на здравјето и безбедноста, поддршката и солидарноста. Новинарите кои се дел од нашето жири се решени да ги наградат овие проекти, како и сите други одлични кампањи од претходните месеци,“ истакна Марк Тунгејт, уреднички директор на Epica Awards.

Тој додава дека новинарите се исто така подготвени со задоволство да пишуваат за нив, зајакнувајќи ја природната ПР предност на Epica Awards. Креативноста работи понапорно од кога било. Вестите треба да се рашират.

Повеќе информации за Epica Awards може да се најдат на официјалниот веб-сајт на следниот линк.

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.