Home » Во фокусот » Запознајте ја Моли, генијалецот во изведување на секојдневните куќни задачи

Запознајте ја Моли, генијалецот во изведување на секојдневните куќни задачи

Мрзливоста е мајка на изумите

Велат дека неопходноста е мајка на изумите, но мрзливоста и исто така кандидат за таа титула. Запознајте ја Моли, главната пртагонистка на новата реклама на General Electric, која пронаоѓа генијални начини да ги заврши своите домашни куќни задачи.

Изнервирана од секојдневните досадни задолженија, Моли одлучува да ги направи поедноставни и тоа така што ќе измисли комплицирани системи кои ќе ги извршуваат задачите наместо неа. Животот исполнет со изуми и иновации ја доведува до General Electric, каде што продолжува да ги прави своите изуми, и понатаму олеснувајќи ги секојдневните задачи.

Рекламата ја направи BBDO кој им помогна на овај 125 години стар бренд да се претстави како компанија за дигиталната доба, која е привлечно место за млади и иновативни умови. Компанијата во последно време многу вложува во рекламирање на вработувањата, сакајќи да привлече таленти кои претпочитаат стартапи и модерни компании. Според тврдењата на General Electric, кампањата за вработување ‘What’s the matter with Owen?’ која што брендот ја лансираше во 2015 година, резултираше со зголемен број на апликации за вработување од 800%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365