Шпанскиот моден бренд Зара најави дека ќе затвори дури 1200 продавници ширум светот, а сопственикот на ланецот на облека Амансио Ортрега ќе се обиде да ја зголеми онлајн продажбата за време на хаосот предизвикан од коронавирусот.
Групацијата Inditex, која освен брендот Zara ги поседува брендовите Berska, Pull&Bear и Massimo Dutti, планира да ги затвори претежно помалите продавници.
Затворањето на продавниците најмногу се очекува во Европа и Азија, а само во Велика Британија е планирано да се затворат 107 продавници, пренесува Гардијан.
Компанијата пријавила загуба од 409 милиони евра за првите четири месеци, а скоро четвртина од продавниците биле затворени до 8 јуни.
Од Inditex порачаа дека бројот на вработени ќе остане стабилен, бидејќи им било понудено преместување на вработените во други оддели, конкретно одделот за онлајн купување.
По реорганизацијата, вкупниот број на продавници ќе се намали од 7412 на 6700, во кои исто така спаѓаат 450 новоотворени продавници.