Home » Во фокусот » Заштеди време и уживај во животот! Reptilmarketi.mk – со еден клик до вашата он-лајн продавница

Заштеди време и уживај во животот! Reptilmarketi.mk – со еден клик до вашата он-лајн продавница

Reptilmarketi.mk, он-лајн сервисот на ланецот маркети „Рептил“, кој започна да фунционира пред неколку месеци, веќе е вистински хит! Можноста преку интернет да се заврши целото купување, од правење на нарачката, плаќање на сметката и достава на купеното до врата веќе е препознаена од купувачите на кои времето им е најскапоцено.

„Главната цел на reptilmarketi.mk е да им овозможиме на нашите потрошувачи да заштедат време при купувањето. Знаеме колку времето е важно и дека трендот на он-лајн купување се повеќе расте, па сакавме на купувачите да им овозможиме понуда од ваков тип во Македонија“, вели Даница Личанин Блажеска, генерален менаџер на „Рептил“.

Во reptilmarketi.mk има над 4.000 артикли. Откако ќе ја наполни кошничката, купувачот сам си одбира временски период во кој посакува да му биде доставена нарачката.Најбрзата испорака е максимум до два часа. Освен што можат да се достават купените производи, купувачите имаат уште една можност, нарачката и плаќањето да ги завршат он-лајн, а потоа сами да си ja подигнат нарачата со спакувани производи.И во овој случај повторно се заштедува на време затоа што не мора да одат низ маркетите и да одбираат производи.

Купувачите ги препознаваат предностите на reptilmarketi.mk

„Задоволни сме од интересот кој постои за овој тип на купување, а и самите купувачи откако веќе ја искористиле услугата и станале нејзини задоволни корисници  продолжуваат да не препорачуваат. Откако започнавме во септември минатата година, продажбата расте континуирано. Купувачите кои ќе се регистрираат и ќе ја направат првата нарачка добиваат гратис ваучер од 100 денари за достава “, вели Личанин Блажеска.

Компаниите биле првична таргет група на „Рептил“, а сега подеднакво застапени корисници се и физичките лица. Интересот за он-лан продавницата расте и поради фактот што “Рептил“ врши достава низ цела Македонија.

Он-лајн купувањето е достапно преку веб страницата  http://reptilmarketi.mk/ , http://www.marketonline.mk/ , и https://www.facebook.com/reptilmarketi/

Oд „Рептил“ најавуваат дека наскоро оваа услуга ќе може да се користи и преку апликација за мобилен уред, со што ќе стане уште подостапна за корисниците.

Рептил“ е компанија со 21 година традиција. Основана е во 1996 година како мал семеен бизнис во Скопје, денес овој ланец може да се пофали со 13 маркети низ градот, со над 300 вработени. Мотото “Компанија со најдобра услуга во градот” останува императив и во новата он-лајн услуга.

На следниот линк погледнете го упаството како да го купите он-лајн.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365