Кампањата за новиот парфем Pure XS, кој ни доаѓа потпишан од Paco Rabanne е интригантна и заводлива…
Португалскиот манекен Франциско Енрикес е новото заштитно лице на парфемот, кој е уникатна мешавина која ја развија мајсторите на парфемската алхемија -Ан Флип, Бруно Јованович и Каролин Думар.
Pure XS парфемот е мешавина од ѓумбир, темјан, цимет, ванила и кедар. Со цел да ја покажат сензуалноста на овој мирис, тие креираа реклама која е заводлива и смела подеднакво, колку и мирисната нота во шишето. Погледнете!