По свеченото отворање на NEM Dubrovnik 2022 со настани за вмрежување и филмска проекција приредена од ZDF Studios, вториот ден од најголемиот телевизиски фестивал во Европа, кој се одржува во Hotel Dubrovnik Palace на хрватското крајбрежје, продолжи со откривање на искуствата кои стојат позади успешната година на телевизискиот и стриминг пазар.
Од технологија која постојано се менува до различни деловни практики, стратегии и законодавни регулативи – говорниците и панелистите се обидоа да укажат на најважните аспекти на индустријата. Сè со цел да се одговори на едно прашање: како да се подигнат стандардите на глобално ниво, а истовремено да се остане на врвот локално?
Идеални говорници за оваа тема беа експертите кои се собраа на долгоочекуваниот панел „Поглед од врвот во ТВ индустријата“, модериран од Касија Мадера (презентерка во BBC World News). Настанот ја собра европската медиумска елита: Ханс Троелстра (извршен директор на M7 Group), Кристоф Лимер (извршен потпретседател за видео сервиси и регионален потпретседател за Источна и Централна Европа во Eutelsat) и Тонко Вајсман (извршен потпретседател на RTL Croatia). Донесувачите на одлуки разговараа за практиките, вредностите и пристапите во турбулентниот ТВ бизнис и ги споделија своите искуства, ситуации и одлуки што ги дефинираа низ годините на работа во индустријата. На панелот, исто така, беше објавено комплетирањето на аквизицијата на RTL Croatia од страна на CME.
Претставување на новиот Закон за електронски медиуми во Хрватска
NEM Dubrovnik 2022 стана уникатна сцена за презентација на новите законски регулативи во специјалната програма „Нов закон во Хрватска“, спонзорирана од Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), Агенцијата за електронски медиуми во Хрватска (AEM) и Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска. Хрватската министерка за култура и медиуми, Нина Обљен Коржинек, ја претстави програмата и го претстави новиот Закон за електронски медиуми во Хрватска и Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги (AVMSD).
Панелистите и говорниците се фокусираа на тоа како новиот закон влијае на операторите, стриминг компаниите, хрватските национални телевизии, хрватските аудиовизуелни институции и другите аудиовизуелни професионалци, а ја истакнаа и важноста од инвестирање во хрватското аудиовизуелно творештво и поврзувањето со различни европски продукции.
Одличните говорници и проекцијата на нова историска драма го привлекоа вниманието на публиката
Во текот на целиот ден, учесниците имаа можност да слушаат различни сесии во панел-салата. За време на панелот „Кога ќе пораснам, сакам да бидам студио: искористување на можноста за глобални содржини“ беше поставено прашањето како компаниите можат да продолжат и да остварат профит во ерата на глобален бум во креацијата на содржини.
Canon се појави на сцената со презентацијата „Дизајнер за професионални решенија за слика“ во која Жан Мазел (професионален експерт за сликање во Canon CEE) ги претстави иновативните професионални решенија за сликање во аудиовизуелниот пејзаж, додека пак Кјара Меки (потпретседател на Love Nature EMEA и директор на бордот на Global Love Nature Business) зборуваше за каналот Love Nature во презентацијата „Позиционирањето на Love Nature во променливиот медиумски пејсаж“.
Сања Божиќ-Љубичиќ, извршен директор и сопственик на маркетинг агенцијата Mediavision, која стои зад организацијата на NEM Dubrovnik 2022 и зад компаниите Pickbox и Mediatranslations, ја пречека на сцената Анахита Кедер (извршен потпретседател за Европа, Блискиот Исток и Азија за формати и лиценцирање во Fremantle International) во интерактивна сесија на прашања и одговори на тема „Телевизија, жени и пиво“. Учесниците потоа уживаа во летни коктели со прекрасен поглед организиран од Pickbox.
Посетителите заинтересирани за технолошките аспекти на медиумите и телевизијата имаа можност да го проследат “TV Tech Showcase”. Овој сет на презентации се фокусираше на динамичните промени во телевизиската технологијата. Vionlabs, респектабилна компанија за вештачка интелигенција, Brightcove, софтверска компанија која продолжува да ја покажува моќта на видеото и Whip Media, водечки софтвер за претпријатија, ги претставија своите решенија за тоа како да се монетизираат содржините во креативната „џунгла“ на пазарот.
Beta Film, водечка европска независна филмска и телевизиска групација, беше домаќин на втората вечер на NEM Dubrovnik. Добро познати по премиерните проекции на највозбудливите нови серии, NEM Dubrovnik 2022 ја донесе новата украинска историска драма „Cardamom Coffee“, базирана на бестселерот на Наталија Хурницка. Вероника Ковачова (извршен потпретседател за меѓународна продажба и аквизиции за регионот на Источна Европа и Турција во Beta Film) на публиката ѝ ја претстави оваа серија заедно со Азија Батаиева (шеф за меѓународна продажба и копродукција во StarLight Media Group) и главната актерка и продуцент на серијата, Олена Лавренјук: „Воодушевена сум што светот ќе може да види колку е убава нашата култура со помош на оваа серија“.
Посетителите ја гледаа серијата во импресивниот Vala Beach Club, а потоа заедно ја коментираа додека уживаа во грицки и коктели.
По проекцијата, извонредната Beta Night продолжи со танцување и дружење на една од најубавите локации во Hotel Dubrovnik Palace.
По два дена дискусија за новите трендови, моќните стратегии во телевизијата и премиерите на најновите ТВ серии, третиот ден на NEM го врати вниманието на глобалната и регионалната медиумска индустрија, иднината на ТВ искуството, важноста на телевизијата во време на криза, како и влијанието на поддршката на украинската индустрија за содржини. Телеком Србија претстави две нови серии од нивната продукција.
Од телевизија во време на криза до украинската аудиовизуелна индустрија
Денот започна со кафе и вмрежување на NEM Terrace во организација на SPI International/FilmBox и продолжи со еден од највозбудливите панели. Дискусијата „Клучната улога на FTA во криза“ на едно место собра истакнати ТВ-носителите на одлуки: Роберт Швеб (генерален директор на Хрватската радиотелевизија), Матијас Сетеле (генерален директор на TV Markíza и член на уредничкиот одбор на CME), Грегоар Полад (генерален директор на Здружението на комерцијални телевизии и видео на барање сервиси во Европа) и Наталија Горшчак (заменик-претседател на Телевизискиот комитетот на EBU) со модераторот Крис Џиадул (Уреднички директор и главен аналитичар за Источна Европа во Broadband TV News). Нивниот дијалог донесе дискусија за предизвикувачката, но клучна улога на FTA за ширење на вистинити информации во интензивни кризни времиња. „Треба да инвестираме во новинарството. Во обидот да бидеме први и најдобри, се фокусираме на погрешни работи“, предупреди Горшчак и додаде како истражувањето на EBU од 2016 година со наслов „Улогата на јавните медиуми во демократијата“ покажа дека земјите со многу силни јавни радиодивузни сервиси имаат многу високо ниво на демократијата.
Касија Мадера (презентерка во BBC World News) исто така зборуваше за довербата во медиумите при сесијата на прашања и одговори „Улогата на довербата во развојниот пејзаж на Вести“, модерирана од Збигњев Пруски (комерцијален директор за брендирани услуги во BBC Studios).
Темата за политичките влијанија врз аудиовизуелната индустрија исто така беше дел од презентацијата „Застанете со украинската индустрија за содржини“. Ова беше можност за заедницата на NEM да го открие Клубот за содржини на Украина, заедничка иницијатива на украинските и светските медиумски компании создадена да ѝ помогне на аудиовизуелната индустрија на Украина. Катерина Вишневска (раководител за развој и копродукции, продуцент, во FILM.UA Group) излезе на сцената за да повика нови глобални партнери, како и да ја шири свеста за одржување на креативните индустрии и работниците во Украина.
Трендови и успешни бизнис модели
Панел просторијата повторно беше место на сите панели и презентации кои собраа голема публика. Панелот „Pay TV: глобалните трендови наспроти трендовите во Централна и Источна Европа“, спонзориран од AMC Networks International, ги собра ТВ ветераните кои разговараа за тоа како трендовите како што е зголеменото присуство на платформи за стриминг ја менуваат позицијата на Pay TV на глобално ниво во споредба конкретно со регионот на Централна и Источна Европа. На панелот, Левенте Ламнај (EVP/MD во AMC Networks International за Централна и Северна Европа) го најави лансирањето на услугата за стриминг AMC+ во Централна и Источна Европа во 2023 година. Тој објасни како нивниот стриминг сервис ќе се разликува од другите и дека целта на компанијата е да работи со различни дистрибутери како што се кабелски и сателитски оператори.
Третиот ден од NEM Dubrovnik 2022 покрена важно прашање на панелот „Дали FTA телевизиите сè уште е најдобриот начин да се допре до масовна публика?“, спонзориран од Prva TV. Панелот ги собра на едно место Катарина Павловиќ (програмски директор во Prva TV и B92), Јан Рудовски (директор за аквизиции и продажба на содржини во FTV Prima), Хартвиг Радемахер (потпретседател за национални продажби и управување со содржини, како и виш проектен менаџер за бизнис развој во RTL Германија), Матеј Лончариќ (директор за видео операции и медиумски брендови во JoomBoos & miss7), како и Катерина Еделштајн (виш потпретседател и лидер за регионот на Источна Европа во Nielsen). Експертите дебатираа за „заканите“ со кои се соочуваат FTA телевизиите во регионот на Централна и Источна Европа и ги предвидуваа новите трендови што наскоро би можеле да се случат.
Во заситен свет на содржини, станува тешко да се привлечат нови корисници и за потрошувачите да ја најдат содржината што сакаат да ја гледаат. Панелот „Медиумска игра за вниманието на корисниците“ ги бараше одговорите за тоа како да се монетизираат содржината во современиот медиумски пејзаж.
Јорг Мајер (генерален комерцијален директор во Zattoo) одржа презентација на тема „Пет хипотези за концептите на IPTV платформа за мрежните оператори“ која ја истакнаа сложеноста на IPTV платформите кои постојано треба да се прилагодуваат и да бараат профитабилни деловни модели. Исто така, Хајми Бехар (CMO и CDO во SPI International, компанија на Canal+) сподели како медиумските компании можат да напредуваат во индустријата што постојано се трансформира за време на презентацијата „Преиспитување на ТВ-искуството: Што е следно?“
Мартин Веб (виш менаџер за производи во Cloud TV, Comcast Technology Solutions) сподели како ТВ платформите би можеле да работат од cloud-од и какви ефекти може да има оваа практика врз радиодифузерите во презентацијата „Навигација на вашето патување за дигитална трансформација до емитување на Cloud TV“. Сите што сакаа да се вмрежат отидоа на кафе пауза организирана од Comcast Technology.
Водечкиот оператор во Србија презентираше нова телевизиска серија
Третата вечер беше посветена на Телеком Србија, водечкиот српски оператор во регионот кој силно инвестира во аудиовизуелната продукција. Јасмина Лакобрија (раководител на продукција во Телеком Србија) и Марина Гаровиќ (раководител на одделот за продажба на содржини во Телеком Србија) ги претставија новите проекти на кои Телеком Србија работи во моментот.
„Драго ни е што гледачите од регионот ги сакаат и ги ценат приказните што ги оживуваме. Она што сакаме да го истакнеме е дека благодарение на визијата и напорите на нашиот извршен директор Владимир Лучиќ, ја продадовме нашата содржина и таа сега е достапна за милиони гледачи“, рече Лакобрија. Гаровиќ додаде дека нивните серии се достапни на сите континенти. Публиката имаше можност да ужива во меѓународните премиери на двете нови српски серии “Golden Boy” и “Walking with a Lion”.
По проекцијата, Eutelsat подготви освежителни коктели, непосредно пред учесниците да се упатат на завршната забава на Телеком Србија во клубот Lazareti во Стариот град на Дубровник. Многумина ќе го паметат NEM Dubrovnik 2022 по последната вечер која им остави бројни спомени.
Гостите се собраа следното утро на кафе за збогување, организирано од NBCUniversal во Sunset Lounge. Многу посетители разменија контакти, направија планови за идни состаноци и почнаа да ги бројат деновите до повторно собирање следната година.