Веруваме дека голем дел од нас се имаме соочено со ситуација во друштво, или некаков семеен или колегијален собир, каде што треба да наздравиме за нешто, но не пиеме алкохол. Притоа, ни се наметнува прашањето: „Дали може да се наздравува без алкохол?“
Според пивскиот бренд Heineken, одговорот е ДА, а тие го имаат најдоброто решение за тоа – безалкохолната верзија на пивото, Heineken 0.0.
Со цел промоција на ваквата можност за наздравување без алкохол во специјалните социјални моменти, Heineken ја лансираше глобалната кампања “Cheers with no alcohol. Now you can” („Здравица без алкохол. Сега можеш“).
Централниот спот на кампањата прикажува хумористичен времеплов низ историјата на луѓе во различни периоди и културни контексти кои не пијат алкохол, но се наоѓаат во ситуација каде сите околу нив наздравуваат со своите алкохолни пијачки. Меѓутоа, доколку досега тоа беше недоумница за нив, Heineken 0.0 на денешницата им го овозможува задоволството без проблем да учествуваат во групната здравица.
Покрај видео спотот, кампањата ќе биде поткрепена со активности на социјалните мрежи, дигитални банери и out-of-home билборди.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Le Pub (специјален оддел на Publicis Italy посветен на Heineken) и продукциската куќа Hobby Film.