Оваа недела почнува нокаут фазата во континенталните натпреварувања на европскиот фудбал, вклучувајќи ги Лигата на шампионите и Европа лига, а по тој повод пивскиот бренд Heineken ја објави новата реклама „Cheers to the Real Hardcore Fans“ („Здравица за вистинските хардкор навивачи“).
Хумористичниот, но истовремено и длабоко емотивен спот е инспириран од приказни на вистински фудбалски фанови чиј што живот во голема мера се врти околу „најважната споредна работа во светот“ и нивниот омилен фудбалски клуб.
Се запознаваме со приказните на луѓе кои во тестаментот го вклучиле и својот тим, луѓе кои ги именувале своите домашни миленици, па дури и деца, според омилените фудбалери, луѓе кои исполнуваат религиски ритуали за да го помогнат својот тим, луѓе кои нема да застанат пред предизвиците за да ги запознаат своите фудбалски херои.
Рекламата е создадена во соработка со креативната агенција LePub, а нејзин режисер е австралиецот Марк Молој.