Американскиот медиски гигант Disney ја објави новата Божиќна кампања “A Wish for the Holidays” („Желба за празниците“).
Централниот спот на кампањата прикажува деца, семејства и пријатели од разни култури ширум светот, кои што ги обединува една иста желба – да бидат заедно со своите сакани за време на празниците.
Празничната кампања истовремено треба да алудира на новиот анимиран мјузикл на Disney, насловен “Wish”, кој започна да се прикажува во кино-салите на 22 ноември.
Кампањата е дополнително поддржана преку соработка со американскиот ланец на луксузни стоковни куќи Neiman Marcus, кој на посетителите треба да им понуди амбиент и производи инспирирани од празничните традиции и филмските остварувања на Disney.
Со новата кампања продолжи и традиционалната поддршка на непрофитната организација Make-A-Wish, која ги исполнува желбите на деца со критични болести.