Зеленчуците и овошките се главните “протагонисти“ во кампања на Фејсбук и другите социјални мрежи која деновиве суптилно ги “напаѓа“ македонските корисници, пропратена со еден тон емоција и куси информации налик микро-блогирање.
Проектот „В-С-С ефект – градење на капацитети и подобрување на надлежностите за вистинско ублажување (со храна) на сиромаштијата“ (@wsseffectmk) е 36 месечна кампања и акција, финансирана од Европска унија преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2016-2017.
Проектот се имплементира од три партнерски организации: „Храна за сите – Банка за храна Македонија“, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенска Банка за храна и асоцијативниот партнер: Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).
Цел е да се подигнат капацитетите на граѓанските организации, да се промовира култура ПРОТИВ фрлањето храна и ЗА донирање на вишоците храна, како и да се застапува за подобри политики и програми за справување со фрлањето храна и депривацијата во исхраната.
Следете ја кампањата на следниов линк https://www.facebook.com/wsseffectmk/