Што дознавте за Скопје? Што ќе понесете од Скопје? По што ќе го паметите Скопје?
Секој град не го чинат само неговите градби и улици, туку многу повеќе безбројните приказни раскажани од неговата историја и минато.
Компанијата „Storytelling Skopje“ одбра 16 такви кои ќе ве научат, зачудат или насмејат, но нема да ве остават рамнодушни (во никој случај). Ќе ве направат гладни за уште слични сведочења и ќе ве натерат да барате Storytelling приказни каде и да одите како турист низ светот.
Која е врската на Чарли Чаплин и Марлен Дитрих со Скопје? Каде поминува и до каде оди „патот на памукот“? Која била и како завршила автентичната скопска Атлантида? Колку трагична, но и романтична знаела да биде љубовта во Скопје? Што рекол Пикасо при предавање на својата слика како подарок за настраданото население во земјотресот во Скопје? – се само дел од прашањата за кои Storytelling Skopje подготвија одговор и приказна која нема да ја заборавите.
Тие се неверојатни, возбудливи, љубовни, фасцинирачки и шокантни настани пренесени на разгледници, постери, магнети и маици кои кога ќе ги погледнете ќе се присетите на секое место и на секој момент поминат во Скопје.
За повеќе информации околу „Storytelling Skopje“ можете да ја посетите нивната веб страна http://storytellingskopje.com/ или нивниот FB page https://www.facebook.com/Storytelling-Skopje-580905908735733/