После рекламата која ја слави несмасноста во спортот и онаа против токсичното однесување во фудбалот, брендот за спортска опрема Nike пред некој ден го објави и своето најново продолжение на кампањата “Play New”.
Се работи за видео спот насловен „Земјата на новиот фудбал“ (“The Land of New Football”) во која се претставува една нова визија за глобалниот фудбал, ослободен од сите негативности.
Рекламата прикажува иднина полна со талент – играчи кои носат неверојатни вештини кон фудбалската игра. Таа е инклузивна и отворена за личности од секакво потекло и идентитет. Играта ја илустрира моќта на тимската работа за надминување на системските предизвици.
Главна ѕвезда во новата реклама е младиот англиски фудбалер Маркус Рашфорд, кој неодамна потпиша нов повеќегодишен партнерски договор со брендот.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy.