16 март 2026 | INNOX Center, Плоштад Македонија – Скопје
На 16 март во Скопје ќе се одржи настанот „Women in Net-Zero Technologies“, кој ги става жените во центарот на климатското лидерство, зелените технологии и одржливиот економски развој.
Настанот, во рамки на проектот ELeVATE, ќе отвори дијалог за улогата на жените во зелената транзиција, руралното претприемништво и дигиталните иновации.
Во два тематски панели ќе говорат претставнички од институции, академската заедница и приватниот сектор, меѓу кои:
- м-р Ане Ласковска, заменик министер за животна средина и просторно планирање
- д-р Андријана Богдановска
- м-р Ина Марковиќ (DINNA AI)
- д-р Дина Муцунска
- Моника Николовска (ThinkThink Marketing)
- проф. д-р Марина Нацка (УКИМ)
Модератор на настанот е Илија Вучков од EMKICE / ACRID Network, кој ќе ја претстави визијата и очекуваното влијание на проектот.
Настанот започнува во 13:00 часот со регистрација и медиумски изјави, а ќе заврши со кафе и вмрежување.
За повеќе информации и вклучување во проектот: info@emkice.mk






















