Со цел да ја прослави 40 години од своето постоење, балетот во Хонг Конг ја повика агенцијата Design Army да смисли и произведе бренд кампања која ќе ја одрази страста и визијата на уметничкиот директор на Балетот, Септим Вебре.
Живописна, колоритна и оптимистична, оваа бренд кампања зборува за динамичната енергија на Вебре и за иновативниот дух на балетот во Хонг Конг, нагласувајќи ја неговата традиција и истовремено, правејќи одлучувачки чекор кон иднината.
“Балетот во Хонг Конг е посветен на идејата дека класичниот балет секогаш може да биде актуелен и современ. Новата кампања ги поставува нашите уметници како современици, а нејзините бои потсеќаат на невообичаените нијанси на Хонг Конг – тие се стари, но и шокантно нови. И воодушевен сум од храбрите, графички форми кои телата на танчерите ги создаваат пред околната архитектура”.
Според објаснувањето на агенцијата, тие го зеле Болеро од Равел и интегрирале суптилен звучен дизајн кој потсетува на познатата поп-култура на класичните Кунг фу филмови. “Раскажавме три приказни преку музиката. Почнавме од помирен, класичен звук, преку оној што е повеќе во духот на хип хопот, а потоа, во тактот на Болеро, се вративме на кинеските корени на балетот во Хонг Конг. Секоја приказна како симболи ги носи и наследството и поп-културата”.
Агенцијата исто така наведе дека нивната цел во правењето на оваа кампања била да ја сменат перцепцијата за балетот и да го отворат танцот за сосема нова публика, покажувајќи ја уметноста и енергијата на класичниот танц во современ контекст.