Сакате да избегате од напорното секојдневие? Само на 15 минути од Скопје во тетовското село Брвеница е сместен ресторанот Бакал. Целиот простор нуди максимална интимност, комплетно одделен од се друго надвор, црвени ливчиња на фотинии, раззелените липи, расцветени хортензии, и други растенија и цвеќиња од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство. Како да се наоѓате во ботаничка градина на некој голем западно европски град, или како да гледате пред себе уникатна јапонска градина. Не е случајно зошто младоженците овде доаѓаат да направат свадбени фотографии, а професорите од земјоделски факултет отсек хортикултура ги носат своите студенти за да им покажат нешто ново. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој. Од сите страни во комплексот се простира зеленило и хармонија од бои од убавите растенија. Специфични се мирисите на лаванда и алисиум кои максимално ќе ве опуштат. Ако сте имале напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.
Бакал е вистинско место за уживање за љубителите на убавите градини, на убавите ентериери и секако на добрата храна, која овде е прекрасна и може да ги задоволи и оние најпребирливите. Персоналот е многу љубезен несвојствено за македонски стандарди. Тие ќе ви посакаат добредојде и ќе ве воведат во магијата која се создава во кујната на ресторанот Бакал. Ако сте вистински гурман и љубител на добрата храна тогаш ги имате сите предуслови за моменти на кои долго ќе се сеќавате. А од таму ни се нудат неверојатно вкусните јадења подгорче, капама, ѓомлек, но и свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба кои секој ден ги има на мени, величествениот татар бифтек и разни други домашни и интернационални јадења. Посетата на Бакал е одлична можност за да оставите впечаток кај вашиот бизнис партнер, или да ги наградите своите вработени. Со време резервирајте си маса на телефонот 070/28 38 45.
„Животот е краток за да не уживаме во него“.
- комерцијален текст