Германскиот автомобилски бренд Mercedes-Benz ја лансираше новата кампања “Life Gets Big” („Животот станува голем“), со цел промоција на својата нова Т-класа на премиум фамилијарни комби-возила.
Во централниот спот на кампањата гледаме како комбињата со леснотија и голема практичност можат да се најдат на улиците, на плажа, па дури и на кошаркарско игралиште. Kампањата покажува како просторот и удобноста не треба меѓусебно да се исклучуваат кога се тргнува на пат.
Всушност, возилото се промовира како практична опција за растечките семејства, но и за љубителите на слободното време и спортот. Од трето дете до гумен чамец, новата меѓународна кампања на Mercedes-Benz покажува дека завршија деновите на неудобното стискање меѓу сопатниците.
„Кампањата „Животот станува голем“ е импресивна демонстрација на она што ја карактеризира нашата нова Т-класа: таа е совршен придружник за секој на кој му треба многу простор, но исто така го цени дизајнот, безбедноста, удобноста и практичноста. Со оваа кампања сакаме да разбудиме ентузијазам за новиот член на нашето Mercedes семејство – со големо внимание на деталите, дури и на најмалите“ – истакнува Ања Гутман, директор за маркетинг комуникации и маркетинг операции во Европа при Mercedes‐Benz Vans.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Preuss and Preuss и продукциското студио Element E.