Светските новинари ја наградија кампањата на McCann Балград
Кампањата “Ви благодариме, доктори“ освои златна Епика награда на онлајн доделувањето кое се одржа вчера. Жирито на овие престижни награди го сочинуваат уредници и новинари од највлијателните светски медиуми од областа на адвертајзингот.
Во конкуренција од 1.980 пријави од 59 земји, кампањата „Ви благодариме, доктори“ освои злато во категоријата „Ковид-19 комуникации“, престижна награда за одговорно рекламирање. Кампањата беше реализирана како поддршка на лекарите и медицинскиот персонал за време на пандемијата, а ја реализираа агенциите Мекен Белград и УМ Белград во соработка со магазинот „Неделник“, за кој беа креирани посебни насловни страници.
„Многу сме горди што нашата работа стана симбол на благодарност до лекарите и медицинскиот персонал ширум светот, во тешка година на борба против ковид. Оваа награда им ја посветуваме токму нив, како запис во времето за нивните натчовечки напори. Им благодариме на луѓето ширум светот кои ја споделија кампањата на нивните лични профили, како и на членовите на жирито на фестивалот ЕПИКА, кои во нашата приказна препознаа универзална вистина. Честитки до сите членови на тимот, нашите партнерски агенции, како и до магазинот Неделник“, рече Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор, Мекен Белград.
„Драго ни е што оваа кампања се истакна со својата силна емотивна порака и што продолжува да нижи награди на престижните креативни и адвертајзинг фестивали. Задоволството беше големо да се приклучиме на оваа кампања и да ги поканиме нашите медиумски партнери, особено outdoor медиумите, да помогнат оваа порака на голема благодарност да допре до вистинските суперхерои, лекари и медицински лица низ целиот регион и тоа на места каде што сигурно ќе ги забележат, во близина на COVID болниците. Благодарност до колегите, благодарност до медиумските партнери и најмногу благодарност до нашите вистински херои, лекарите“, рече Бранислава Кагронов, регионален менаџинг директор на UM.
Наградите Епика за кампањата “Би благодариме, доктори“ следеа по неодамнешните награди на BalCannes, Kaktus и ACT Responsible. ЕПИКА се обидува да ја награди извонредната креативност на агенциите, консултантските фирми, ПР, маркетинг или технолошките компании, продукциските куќи, студија за дизајн и индивидуални уметници и ги промовира надвор од нивните национални граници. Жирито на ЕПИКА наградите вклучува претставници на највлијателните светски медиуми кои пишуваат за креативноста во рекламирањето.