Агенцијата за дизајн TBWA со седиште во Њујорк, креираше кампања “MMMM“ за Мекдоналдс Порторико. Таа го искористија најпознатото визуелно средство на Мекдоналдс, „Златните лакови“ за да ги илустрираат најпознатите и најпрепознатливи производи и состојки од менито на брендот со одлични визуели.
Кампањата „MMMM“ е оддек на едноставноста и исконските слики што стануваат белег на маркетинг напорите на брендот.
Креативите се промовираат на билборди, ТВ, дигитални и социјални медиуми низ цела држава.
Адријана Кантеро, маркетинг менаџер во Мекдоналдс Порторико истакнува: „Во категорија каде производите изгледаат слично, важно е да изградиме слика која нè прави аспиративен бренд. Оваа кампања е добар пример за тоа како можеме да ги користиме нашите уникатни средства (Златни арки) да се издвојиме од конкуренцијата. “