BETC Etoile Rouge и компанијата Yves Saint Laurent Beauty лансираа меѓународна програма за борба против насилството меѓу интимните партнери наречена “Злоставувањето не е љубов”
Според извештајот на ООН, во САД, на секои три дена, еден маж убива по една жена. Оваа вознемирувачка статистика е дел од глобалната криза на насилство меѓу интимните партнери, со оглед што 30% од жените доживуваат насилство за време на нивниот живот.
Компанијата Ив Сен Лоран Бјути, бренд чие наследство е тесно поврзано со одбраната на слободата и независноста на жените, одлучи да започне меѓународна програма за спречување на насилството меѓу интимните партнери.
YSLB ја покани агенцијата BETC Etoile Rouge да создаде комуникациска кампања, која вклучува креирање име, лого и визуелен идентитет. Во септември 2020 година, YSLB ја започна програмата „Злоставувањето не е љубов“, создадена во партнерство со локалните здруженија, за да се земат предвид разликите меѓу земјите, но пред сè да бидат што е можно поблиску до проблемот.
Брендот одлучи да ја искористи својата популарност за да помогне во решавањето на овој проблем, со отворање на комуникациска платформа за невладини организации, организирајќи конференции, кампањи за подигање на свеста на социјалните мрежи и интервјуа. До 2030 година, целта на YSLB е да го подигне нивото на своите активности и да едуцира два милиони луѓе ширум светот за насилството меѓу интимните партнери.
Во ноември 2020 година, Ив Сен Лоран Бјути и BETC Etoile Rouge ја лансираа првата кампања за подигање на свеста во рамките на оваа програма. Кампањата ги потенцираше потенцијалните опасности и девет клучни знаци на предупредување кога станува збор за насилна врска, за да се обиде да ја спречи и да им помогне на луѓето да станат активни и да се справат со ваквото однесување. Агенцијата BETC Etoile Rouge ја илустрираше кампањата како ода на вистинската љубов. Срцето, универзален симбол на љубовта и здравата врска, но исто така и симбол кој е силно поврзан со брендот, систематски се распаѓа на девет клучни знаци на насилна врска.
„Клучно е брендовите и нивните агенции да ја користат својата моќ за поддршка на ваквите проблеми. Ние сме многу горди што можеме да ја поддржиме YSLB во оваа борба, која е многу блиска до нас и до нашите срца “, рече Бруне Буномано, претседател на агенцијата BETC Etoile Rouge.