UPDATE 10.03.2020 : Три од најавените 3 настани во текстот, наместо во пролет, своите изданија ги презакажаа за на есен поради новонастанатата ситуација со Корона вирусот. Новите датуми во продолжение.
Како што сонцето почнува посилно да сјае, а пролетра поинтензивно да “чука” на нашите врати, така и почнува “сезоната” на комуникациски фестивали и настани кои се на неколку стотина километри од нашите канцеларии. Одлична можност да направиме рефреш од секојдневието, но и “апдејт” на наративите, темите и знаењата во врска со тоа што го работиме.
Во продолжение неколку значајни маркетинг настани кои можеме да ги посетиме во регионот:
- IZAZOV 2020
Шестото по ред издание на регионалниот форум за комуникациски лидери – IZAZOV ќе се оддржи на 30 и 31 март 3 и 4-ти ноември во хотелот Мона Плаза Madlenianum Opera&Theatre во Белград. Главната тема ќе биде адвертајзингот кој го менува светот и го прави подобро место, за што ќе зборуваат претставници на најголемите регионални агенции и компании.Теми на форумот ќе бидат и: миграцијата на вработените, B2E бизнис моделот на иднината, ако да обезбеди одржлив и прилагодлив бизнис, како да се прилагодат производите и услугите на побарувачката на пазарот итн.. Повеќе инфо можете да видите на следниов ЛИНК.
2. Денови на комуникации
Фестивалот Денови на комуникациja ќе се одржи во хотелот „Лоне“ во Ровињ, Хрватска од 2-ри до 5-ти април од 29 до 31 октомври. На него се најавени навистина големи имиња од светската регионална сцена како што се Реи Инамото, Мерли Џејми, потоа највлијателниот светски маркетинг директор Кит Вед; потпретседателот на агенцијата Ogilvy и ТЕД говорник Рори Сатерленд; дизајнерот награден со Еми награда, Крис До; донеодамнешниот евангелист на Мајкрософт, Џејмс Витакер; футурологот Ари Попер, кој исто така имаше можност да работи и за НАТО; лидерот во односите со јавност и основач на Holmes Report, Пол Холмс и повеќе-наградуваниот комуникациски експерт, Дејвид Орлик. Фестивалот ќе направи преглед на најактелните светски теми во адвертајзинг индустријата и ќе се обиде точно да ги предвиди новите трендови кои не очекуваат. Повеќе за Денови на комуникациите можете да видите ТУКА.
3. SOF
Словенечкиот огласувачки фестивал СОФ 2020, ќе се оддржи во Порторож на 2-ри и 3-ти април TBD во хотелот Кемпински Палас. Во своето 29-то издание, СОФ ќе посвети внимание на повеќе теми меѓу кои невромаркетингот, подкастите, како да се остане “нормален” во дигиталниот хаос, моќта на добрата комуникација, потрошувачите и сл., а како говорници и панелисти ќе се најдат повеќе звучни имиња на словенечката и европската адвертајзинг сцена. Како дел од фестивалот ќе се оддржи и традиционалното доделување на награди за најдобрите кампањи и агенции во изминатата година. Повеќе информации за СОФ можете да погледнете на овој ЛИНК.