Со ова прашање почнува спектакуларниот спот кој фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед и производителот на спортска опрема Адидас го објавија со цел промоција на новите гостински дресови на тимот за претстојната фудбалска сезона.
Дресот го краси поедноставена верзија на клупскиот грб, прикажувајќи го само препознатливото „ѓаволче“ во црвена боја на бела основа. Но, како што се посочува во самиот филм, ѓаволот не е нешто што го носиш на себе. Тоа е животен договор кој навивачите на клубот го потпишале уште пред да бидат родени. Договор кој не може да се раскине.
Наратор на драматичниот филм кој ги потсетува навивачите на условите под кои е потпишан таквиот договор е поранешниот тимски капитен и клупска легенда Рој Кин, чиј непоколеблив глас и бескомпромисен став спрема фудбалската игра го прави совршениот човек за да ја пренесе пораката на „ѓаволот“.
Покрај него, во спотот се појавуваат и неколку актуелните ѕвезди на Манчестер Јунајтед, вклучувајќи ги Маркус Рашфорд, Касемиро и Алесандро Гарначо, кои што следната сезона гордо ќе го носат новиот дрес на своите плеќи.
Погледнете го спотот во продолжение:
View this post on Instagram