Home » Digital » Знаете ли што е Финстаграм и зошто младите, а посебно тинејџерите го сакаат?

Знаете ли што е Финстаграм и зошто младите, а посебно тинејџерите го сакаат?

За корисниците тоа е место каде што можат да ги „исфрлат“ сите свои фрустрации или едноставно да објават нешто што на својот вистински профил не би сакале да го имаат

Кога и да се појави некоја новина, голема е веројатноста прво да ја прифатат младите корисници. А кога станува збор за социјалните мрежи, тогаш речиси е сигурно дека тоа ќе биде хит помеѓу тинејџерите.

Според истражувањето на Pew Research Center (кое е спроведено во САД), дури 92% од тинејџерите секојдневно пристапуваат на некоја од социјалните мрежи, а од нив дури 24% истакнуваат дека се постојано вклучени на некоја од нив.

Иако Фејсбук предничи по бројот на корисници, Инстаграм е одма позади него. Поради тоа не изненадува што тие две мрежи се најчест извор на фрустрации, несигурност и злоставување помеѓу тинејџерите. Еден од начините да ги избегнат таквите негативни последици, тинејџерите пронајдоа во Финстаграм.

Финстаграм или “финста” всушност е е концептот кој зема се поголем замав и кој подразбира креирање на лажен инстаграм профил. Најчесто е приватен, а корисничкото име не го открива вистинскиот идентитет на корисникот. Но, која е неговата улога и зошто луѓето би се одлучиле да креираат лажни инста профили? Одговорот според тинејџерите е дека оваа лажна персоналност дава одредена слобода на сопственикот да објавува фотографии, мемиња и се останато што ќе му падне на памет без осудување и критизирање од пријателите и познаниците.

На тинејџерите им овозможува да прават она што најдобро го знаат – да бидат тинејџери, а за тоа да не дознаат нивните родители, професори или идни работодавци. Секако, тоа е и „ексклузувен“ клуб бидејќи корисниците бираат на кои ќе допуштат да го видат нивниот Финстаграм.  За некои тоа е место каде што можат да ги „исфрлат“ сите свои фрустрации или едноставно да објават нешто што на својот вистински профил не би сакале да го имаат.

Бидејќи, тие млади корисници и понатаму го користат Инстаграм или “real Instagram” (вистински инстаграм) за објавување на фотографии и комуницирање со другите корисници кои сакаат да ги „импресионираат“ со своето „совршено“ селфи, позитивен став спрема животот или животни достигнувања. Но, „вистинското јас“ го изразуваат скриено од очите на оние кои сакаат да ги импресионират. На Финстаграм.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365