Зоолошката градина од Антверп, Белгија покажа дека зависниците на играта „Покемон Го“ можат да помогнат во заштита на вистинските животни, додека ги ловат фиктивните суштества :)
Имено, зоолошката градина во белгискиот град Антверпен објави дека изминативе денови заработила 12.000 евра од продажба на билети на лица кои влегувале во неа во лов на специфични, #тазе набавени покемони.
Парите собрани од “ловечката акција“ ќе бидат наменети за Центарот за истражување и заштита на животните, кој е фокусиран на загрозените животински видови.
Според раководството на институцијата, изминативе денови зоолошката градина ја посетиле речиси 15.000 луѓе.