Дизел не само што ja прослави Неделата на гордоста во Европа, туку го прослави и фактот дека луѓето престанаа да го следат брендот токму поради тоа.
Кратко време откако овај моден бренд објави Pride тематска колекција и ЛГБТК + содржина на социјалните мрежи, изгуби дури 14.000 следбеници на Инстаграм. Сепак, компанијата тоа го претвори во позитивна вест, со објава на социјалните мрежи за прославата заради губењето на следбеници, во пресрет на Лондонската парада на гордоста која се одржа минатиот викенд.
Оваа кампања, Дизел ја лансираше во соработка со агенцијата Публицис Италија.
Во соопштението, портпаролот на Дизел вели: „Дизел отсекогаш бил поддржувач на заедницата. Дури и ако сакаме да мислиме дека нашата Инстаграм заедница ги дели истите вредности со брендот, после само една недела и многу изненадувачки хомофобични коментари, ние загубивме 14.000 соработници, поради нашата содржина што ја покриваше историјата на ЛГБТК+ популацијата и поддршката на оваа заедница. Додека другите брендови гледаат на ова како причина за загриженост, Дизел одлучи да го прослави заминувањето на следбениците, бидејќи тие се важни, но љубовта е многу поважна.”
Извор: AdAge