Home » Во фокусот » Зошто кампањите кои се „поинакви“ освојуваат награди?

Зошто кампањите кои се „поинакви“ освојуваат награди?

Меѓународните адвертајзинг фестивали од година во година се се` попосетени, а бројот на пријавените кампањи расте. „Лутата“ конкуренција бара континуирана работа на иновативна употреба на комуникациските канали и креирање на релевантна, атрактивна содржина. Во таа смисла, агенциите настојуваат не само да ги следат светските трендови туку и да ги пласираат и за своите клиенти да осмислат иновативна кампања, но и производ. Еден таков пример е кампањата за „LAV пуканките“, производ кој го осмисли агенцијата McCann Белград.

„На нашиот пазар промената на вкусот и рецептот на некој производ, често се поврзува со правење на компромис, со нешто што „мириса“ на  штедење и деградирање на калитетот. Меѓутоа, во нашиот случај, тоа навистина не беше така. Потегот на којшто ние се одлучивме, имаше главна задача постигнување на нови стандарди во домашната, мејнстрим индустрија на пива. Крајниот резултат беше нова, за нас поскапа, но што е најважно, за тестираните потрошувачи, поквалитетна и подобро оценета течност“, изјави Марко Симиќ, Brand Manager на LAV брендот и додава: „Во старт се соочивме со предизвикот дали и на кој начин да ја конуницираме оваа значајна промена, свесни за споменатата конотација која ваквите промени обично ја имаат. Сметавме дека имаме нешто навистина поинакво со што треба да се гордееме и одлучивме да бидеме транспарентни. Останатото е историја. Залугата и` припаѓа на агенцијата, нашата е само во доменот на разбирањето, но и храброста да истраеме во ова.“

grand-prix-za-lav-kokice-na-festivalu-golden-drum_jana-savic-rastovac-i

Кампањата “LAV пуканки” освои Grand Prix награда во категориите Direct и Integrated на неодамна одржаниот Golden Drum фестивал. Истата кампања ги освои и специјалните награди Silver Drum и Bronze Drum Adriatic Awards на истиот фестивал, како и наградата во категоријата профитна интегрирана кампања на националниот Фестивал на интегрирани комуникации Kaktus 2016. На регионалната ревија на најдобри кампањи BalCannes, жирито од новинари по прв пат ја додели наградата за Најдобар проект токму на кампањата “LAV пуканки”.

„Двете Град При награди за кампањата “Lav пуканки” покажаа колку е вредно и ретко поигрувањето со каналите на комуникација во кампањите за мејн стрим брендовите. Многу работи беа вклучени во една обична кеса со пуканки: соопштение за јавност, директно обраќање на потрошувачите и повик производот да се проба. Едногласната одлука на жирито во категоријата на интегрирани кампањи претставува посебна чест и признание за континуираното настојување на нашата агенција за секогаш иновативните и оригинални начини на комуникација“, изјави Jана Савиќ Растовац, креативен директор на агенцијата  McCann Белград.

Наградената кампања “Lav пуканки” можете да ја погледнета во продолжение:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365