Помина една деценија откако познатиот тенисер Андре Агаси стапна повторно на стадионот Артур Еш. Завчера, како дел од неговото ново партнерство со Италијанскиот производител на кафе Lavazza, Агаси се враќа на терен- заедно со група од 150 негови “клонови“.
Помеѓу првиот и вториот натпревар на стадионот Артур Еш, тенискиот шампион влезе повторно на подиумот и тоа не сам туку заедно со 150 клонови, сите облечени со блузи кои го имаат неговиот потпис и изглед од 80тите (заедно со врзаната марама околу главата во розева неонска боја :)
Во текот на денот, за да се создаде возбуда за враќањето на Агаси, производителот на кафе испрати негови клонови да парадираат низ Њујорк, почнувајќи од плоштадот па се до паркот High Line.
“Тоа е како флеш моб, кога сакаш да ги заинтересираш луѓето со она што го правиш” вели Марко Лаваза кој е потпретседател на Lavazza.
Тенисерот Агаси, кој сега работи како портпарол на Lavazza, нема да игра тенис на теренот. Наместо тоа, иницијативата е тој да биде дел од добротворна акција на брендот.
“Тој се врати назад, за да придонесе кон оваа добротворна иницијатива”, рече Lavazza. “За секое кафе што ќе го продадеме на U.S. Open, ние ќе донираме по еден долар на Образовната Фондацијата USTA на Андре Агаси“.
Парите собрани за времетраењето на U.S. Open ќе бидат испратени до колеџот на Андре Агаси за финансирање на подготвената програма “Вечно Лето” во Невада. Средствата ќе се користат за да им помогнат на студентите да се школуваат.
Како дел од ова ново партнерство со брендот Lavazza, Агаси ќе биде дел од нивните промоции и ќе има лични настапи на гренд слем: Australian Open во Мелбурн, Roland Garros во Париз и Вимблдон во Лондон. Тој, исто така, ќе се појави на некои регионални турнири каде Lavazza ќе биде присутен, вклучувајќи го и БНП Парибас Опен во Индијан Велс (Калифорнија.), Купот на Мерцедес во Штутгарт (Германија) и на Роџерс купот во Торонто.