Сигурно сите се слушнале за големата пасија кон едноставноста, чистиот дизајн и неверојатната посветеност кон деталите на големиот Стив Џобс. Ако некој некогаш помислил дека нешто во Apple направиле случајно, примеров подоле ќе го демантира !
Во Apple се се случува со причина. А тоа дури го вклучува и времето кое се прикажува на уредите во нивните промотивни материјали и ТВ реклами.
Најпрво во прашање беше времето 9:42. Ова време можеше да се види на рекламите, во промо вестите во весниците, па дури и Apple-овиот веб сајт.
Објаснувањето е просто: тоа е времето кога Стив Џобс го најави првиот iPhone во 2007 година. За време на неговото обраќање, отприлика 42 минути, Џобс изјави : “Денес Apple повторно го измислува телефонот“.
На екранот позади него се појавила слика со телефон на кого се читало времето 9:42.
Меѓутоа се се променило во 2010 година кога бил претставуван првиот iPad. Кога тој се претставил, времето на сајтот било друго – 9:41.
Оттогаш сите Apple уреди добија “ново“ време !
Ако сега го погледнете Apple-овиот веб сајт ќе забележите дека времето на уредите е 9:41. И тоа не само на iPhone, туку и на Mac-овите, а исто и на iPad и iPad Air 2, времето на сите нив е 9:41 !
Зошто времето се променило?
Причината е прилично едноставна, објаснува бившиот шеф на iOS, Скот Форстал.
“Кога го планираме претставувањето на уредите, секогаш големите претставувања ги правиме после 40 минутни излагања. Кога големата слика на производот ќе се појави на екранот, сакаме времето кое го покажува да биде блиску до реалното време на сатовите на публиката.Знаеме дека тоа нема секогаш да се поклопи во минута“ , тврди Форстал.
Извор: Бизнис Инсајдер