“Скоро секој прв нацрт- текст започнува со лоши први напори. Морате да започнете од некаде.
Започнете со пишување на нешто, па макар било што, на лист хартија.”
Anne Lamott , краток извадок од книгата “Bird by Bird”
Дали првите зборови кои ќе ги пишувате може да бидат подредени по совршен ред?
Авторката Lamott ќе ве научи дека првите ‘’ужасни’’ нацрт текстови не само што се ОК, туку се и неопходни. Доколку сакате да започнете со пишување, без разлика дали се тоа содржини поврзани со вашето работно место, доколку започнавте со пишување на блог, соопштение за јавност, доколку составувате мемоари или пак започнувате да водите свој личен дневник, потребни ви се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да сфатите дека се и не е толку црно доколку сте започнале да имате проблеми со пишувањето на првите нацрт текстови.
Морате да започнете од некаде, па затоа сосема е дозволено да започнете од хаос.
Замолчете го вашиот внатрешен критичар, не изменувајте го она што сте го напишале (освен за правописни грешки), не реорганизирајте го текстот, не двоумете се и не проверувајте ги повторно фактите.
Еве што советува Beth Nyland, професионален комуникатор, советник и основач на компанијата Spencer Grace, еве зошто според неа добро е првите нацрт содржини да бидат со лош квалитет…
- Пишувањето на нешта кои секогаш немаат голема смисла, може да биде забавно
Доколку си дозволите себе си да поставите било што на вашата страница ќе ви донесе добро чувство .Може да пишувате за се. Опишете го вашиот најголем кошмар, пишувајте за што сте благодарни, направете листа за што не сакате да пишувате…
Кога ќе ги потрошите бесмислиците кои талкаат во вашиот мозок, од вас ќе произлезе она што вистински сакате да го кажете. Додека не се пронајдете, уживајте во забавата и откривањето на вашиот стил и теми за пишување.
- Ослободувањето од перфекционизмот ќе го трасира патот кон инспирацијата.
Кога не сте зависни од пишувањето на запирки, конзистентна употреба на времиња, предмети/глаголи, вашето внимание ќе биде слободно да ги дофати оние искри на брилијантност кои извираат од вашата свест кога се чувствувате инспирирани.
- Ги зголемувате своите можности да напишете нешто добро
Колку повеќе пишувате на страницата, колку повеќе нешта пишувате, па макар и да не биле сосема добри во однос на вашите сопствени критериуми, толку поголеми се можностите дека во меѓувреме можеби од вашите напори ќе произлезе и нешто значајно.
- Изменувањето на содржините е важно
Пишувањето на толку добри содржини нема да го наруши вашиот кредибилитет, но објавувањето на текст со правописни грешки е недозволиво.
Доколку си ја дозволивте слободата да напишете прв слободен нацрт текст, прегледајте го и осигурајте се дека нема грешки. Проверката за грешки е од големо значење.
- Вие учите
Учите дека за да се пишува потребно е време, и дека имате време за да пишувате.Учите дека пишувањето е тешко не дека можете тоа да го направите. Учите дека можно е да ги гледате визуелно своите замисли во црно и бело пред себе наместо истите да ги чувате затворени во својата глава.
Колку повеќе учите толку повеќе и знаете.
Колку повеќе знаете толку повеќе растите. (Ви звучи како клише?
Да звучи, но сосема е вистинито)
- Станувате писател…
Дали знаете што е потребно за да се биде писател?
Да се пишува.
Кога ќе го напишете вашиот прв текст – без разлика на неговиот квалитет, вие пишувате.
Па затоа ослободете се и уживајте во праксата.
Ајде напишете нешто ужасно. Само една личност потребно е да го види вашиот ужасен, лош прв нацрт- а тоа сте вие. Доколку се чувствувате под притисок да ги задоволите очекувањата на другите за перфекционизам- прекинете!
Намалете ги своите очекувања.
Започнете да пишувате како професионалец: започнете со нешто лошо!