(Овој текст е дел од серијата лекции и совети од CareerLaunch — саем за нова кариера во македонски tech и стартап компании.)
За време на студентскиот живот примарна работа е студирањето. Со образованието младиот човек почнува полека да се подготвува за посериозниот дел од животот. Дали е part — time или летна работа, не мора да се чека крајот на студиите за да се почне со стекнување на работно искуство.
Кои се причините за започнување на кариера уште кога си студент?
- Искуството е најважно во развојот на една личност. Иако од книгите може да се научат многу работи, сепак со реална работа студентот почнува да учи каква е реалноста, и како практично може да го искористи знаењето.
- Stand out from the crowd. Повеќето студенти го користат слободното време на кафе. Со стекнување искуство за време на студентските години уште во почеток те прави да бидеш поразличен од останатите.
- Полесно до работа. Според Guardian дипломираните студенти без работно искуство имаат поголема тешкотија во наоѓање работа. Со започнување на кариера за време на студии почнуваш да развиваш вештини а воедно и се поврзуваш со потенцијални компании кои можат да ти бидат работодавци.
- Можеш да истражуваш за твоите интереси. Додека студираш имаш поголем простор за експериментирање. После дипломирање е времето за сериозна работа. Со различни обиди ќе дојдеш до одговори што би сакал да работиш за да не завршиш да работиш во Банка. (најпосакуваната работа кај нас) :)
- Работа за време на студии те учи на ефикасно менаџирање на времето.
- Учиш да се грижиш за самиот себе. Да се биде независен е една од најважните способности за личен и професионален напредок.
- Работодавците сакаат млади кои се амбициозни. На 12 години Стив Џобс сакал да изгради бројач на фреквенција, но не ги имал деловите. Помислил дека такви делови, најверојатно има Bill Hewlett, извршниот директор на HP, една од најголемите ИТ компании во тој период. Сосема случајно наишол на бројот во именик и се јавил. Директорот на HP одговорил и разговарале дваесет минути со тогаш 12 годишниот Стив Џобс. Разговорот завршил така што Стив добил летна работа во HP.
За крај, наш совет е да се избере работно искуство што ќе те надгради, а не што ќе ти донесе пари. Најзначаен ресурс е знаењето, а најограничен е времето. Искористи го во учење и стекнување ново знаење.
Размислуваш за почеток на нова кариера?
Лансирај ја Твојата Кариера од Соништата на CareerLaunch