Осмиот Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) оваа есен ќе ни ја открие тајната на еден од најпопуларните термини на годината, native advertising. За што точно се работи ќе дознаеме од 24 до 27 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, каде и оваа година WMF ќе ги собере врвните светски стручни лица од областа на маркетингот, медиумите и односите со јавност кои ќе говорат на актуелни и интересни теми.
„Во доба на изобилство на содржини важат малку поинакви економски правила. Содржината станува онолку важна колку што има значење и колку вредно искуство таа носи. Содржината и искуството кои ги нуди WMF го опфаќа веројатно највозбудливиот дел од економијата денес. Преку програмата, говорниците и работилниците настојуваме да ги појасниме темите и трендовите кои ги очекуваме во иднината и да ги приближиме новите бизнис модели кои се веќе тука, но можеби сеуште не сме ги усвоиле до крај или не ни се целосно јасни“ – изјави Никола Врдољак, директор на фестивалската програма.
Како една од главните теми за која ќе слушнеме повеќе на овогодинешниот Викенд се издвојува „native advertising“. Се работи за многу ефективен облик на рекламирање кој текстовите целосно ги прилагодува на формата и функцијата на медиумот во кој се појавуваат. Содржината во целост и на природен начин се спојува со медиумот преку кој е пласирана, истовремено привлекувајќи го вниманието на читателите и набљудувачите и поттикнувајќи ги на понатамошна активност во облик на коментирање и споделување на содржината. За оваа актуелна тема ќе говорат повеќе предавачи меѓу кои и Јана Савиќ Растовац, креативна директорка на агенцијата McCann Beograd и Brian Morrisey, претседател на Digiday, позната американска медиумска компанија.
Овогодинешниот Викенд ќе опфати и други жешки теми како што се programmatic, за која повеќе ќе говори Caspar Schlickum, извршен директор на компанијата Xaxis EMEA. Aна Анџелиќ од њујоршката агенција Havas LuxHub ќе говори за новите бизнис модели во медиумите и маркетингот на границите на бизнисот, креативноста и технологиите, а Scott Thwaites, партнер менаџер за EMEA во Twitter, ќе објасни како брендовите и стручните лица од областа на маркетингот можат да ја искористат моќта на сегашниот момент.
Покрај предавањата и панел дискусиите, WMF и оваа година продолжува со доделување на наградата SoMo Borac, која ги наградува најдобрите проекти од дигиталната сфера. Натпреварот е отворен за сите проекти на агенции, компании или поединци од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора, кои може да се пријават на http://somoborac.com. WMF продолжува и со BalCannes ревијата на најдобрите рекламни агенции од шест земји од регионот, што е најдобра прилика за агенциите од регионот да се претстават со своите најквалитетни проекти. Пријавите за овогодинешното издание се отворени и траат до 10 септември, а повеќе информации може да дознаете на www.balcannes.com.
Пријавите за овогодинешниот Weekend Media Festival се веќе започнати на www.weekendmediafestival.com.