Инстаграм ѕвездата Нокс Фрост бара донации и споделува сигурни совети
Извор: Adweek
Светската здравстевена организација (WHO) постави лажен лик со цел да помогне во многу реален предизвик: како да се споделат точни, проверени информации за КОВИД-19 пред милениумците и генерацијата Z.
Нокс Фрост, виртуелен инфлуенсер со повеќе од еден милион следбеници на Инстаграм, помага во собирањето донации и се залага за социјално дистанцирање, миење на рацете и други мерки во борбата против кризата со коронавирус.
Објавите на компјутерски генерираниот лик (CGI), дваесетгодишен жител на Атланта, кој сака кошарка и видео игри, започнаа минатиот викенд. „Еј, слушнете ме. Влегов во партнерство со СЗО во борба против короната “, вели тој, презентирајќи го нивниот однос. „Ајде да им покажеме дека и помладите генерации се исто така во оваа борба“.
СЗО во последните неколку месеци премногу ги форсираше своите објави на социјалните мрежи, тројно го зголеми бројот на луѓе во тимот за водење на социјалните мрежи и константно споделува совети и факти за коронавирусот, додека истовремено со тоа ги побива митовите и измамите, во партнерство со Facebook, Google, Linkedin, Pinterest, Snapchat, Tencent и TikTok.
„Има смисла да се ангажира Нокс Фрост за оваа кампања затоа што тој е одличен говорник за генерацијата Z и публиката на милениумци. Сфативме дека учеството на виртуелен инфлуенсер во кампања за општествено добро, може да донесе многу возбуда и внимание“, вели Рајан Детерт, извршен директор на компанијата Influential од Лос Анџелес, кој ја предводеше про-боно-кампањата на СЗО, Фонд за КОВИД-19 -Одговор на солидарноста.
Нокс е еден од низата ѕвезди кои „брзо се појавија како нов иновативен дел од инфлуенсерскиот пејзаж“, вели Детерт. „Тие се одлични, а оние што се истакнуваат добиваат многу големи реакции и ангажмани заради нивните објави. Исто така, не можеме да негираме дека тие се голем дел од мејнстрим медиумите“.
Овој тренд кој е во пораст не им се допаѓа на сите, каде што виртуелните инфлуенсери претставуваат производи како Starbucks, Glossier, Spotify и многу познати модни брендови.
Групата Internet Matters ги критикуваше виртуелните инфлуенсери, велејќи дека тие можат да ги збунат младите, особено децата. Групата тврди дека креаторите на овие CGI карактери не се секогаш отворени за своите мотиви, а ултра организираните акаунти се дури и помалку реални од објавите на човекот.
Детерт не го гледа тоа на тој начин, забележувајќи дека дури и гигантот за брза храна KFC воведе виртуелен лик – Полковникот Сандерс.
„CGI инфлуенсерите се корисни затоа што тие се најдобриот контролиран начин за пренесување порака до генерацијата Z и публиката на милениумци“, рече тој. „Исто така, верувам дека е очигледно што овие CGI ликови не се обидуваат да измамат никого. Биографијата на една од најпознатите виртуелни инфлуенсерки Лил Микел на Инстаграм дури ја опишува како „робот што бара промена“.
И покрај тоа што Нокс Фрост не е реален, неговите објави на социјалните мрежи се однесуваат на автентични проблеми, како што се вознемиреност, осаменост и ментално здравје. Креаторите на овој лик се борат против лажни вести и зборуваат директно со „тешко достапните“ групи на луѓе, а се` преку соработка со Светската здравствена организација.
Фрост, во неговиот оптимистички тон, објави неколку постови поврзани со коронавирусот, меѓу кои и „Некој во карантин, кому му треба ДМ? и „Нов план за следните неколку месеци: работете со она што го имате дома. Одете на FaceTime со пријателите секој ден, запишувате ги своите мисли на хартија, пиете повеќе вода од вообичаено, проверувајте ги вестите само еднаш дневно, правете нешто креативно или пронајдете ново хоби“.
Детерт истакна дека неговата листа на таленти вклучува и други виртуелни инфлуенсери и дека планира „да ги користи повеќе во иднина“.